Радовиш: Започнаа подготвителните работи за изградба на улица „1“ во Ињево

Предметната улица е дел од уличната мрежа во село Ињево, улицата е паралелна со Ињевска река и на дел од својата должина се пресекува со регионалниот пат Р-2433 Радовиш-Лубница.Должината која треба да биде изградена е околу 1300 метри со широчина на асфалтен коловозот од 6 метри и ширина на тротоари од двете страни 2 метри.
„Ова улица ќе биде изградена по сите стандарди квалитетно со два слоја на асфалт и во доволна широчина за нормално одвивање на сообраќајот и сите секојдневни активности на граѓаните од ова населено место„- рече градоначалникот Николов.
Изведувач на работите е фирмата „Жикол“ која има рок од три месеци да ги заврши сите планирани активности за изградба на улицата.Во тек е расчистување на теренот и работи  кои се изведуваат околу изградбата на планираниот мост.
Инвестицијата е обезбедена преку програмата за рурален развој Агенција за подршка и развој во земјоделството и дел од општина Радовиш во вкупна вредност од околу 23 милиони денари.
Минатата недела се комплетираше и асфалтираше улицата „19“ во оваа населено место во должина од 250 метри -широка 6 метри со тротоарска зафатнина од 4 метри.
Како што истакна Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов изградбата на овие две улици значително ќе го подобри сообраќајниот крвоток на селото и ке го олесни движењето како на моторните возила така и на пешаците во селото.
Инвестиции кои се од ваков карактер и значање ќе продолжат да се реализираат и во тековниот период во сите населени места низ општина Радовиш.
 Должината која треба да биде изградена е околу 1300 метри со широчина на асфалтен коловозот од 6 метри и ширина на тротоари од двете стра

Пронајдете не на следниве мрежи: