Рангелова: Враќањето на СДСМ на власт значи корупција, неодговорност и разградување на институциите

Враќањето на СДСМ на власт значи корупција, неодговорност и разградување на институциите.Враќањето на СДСМ на власт значи деструкција и назадување, наместо проекти, реформи и напредок.
Ова е факт и ова не може да го сокрие ниту невладината Транспаренси интернешнл која е блиска до Сорос и СДСМ.
Назадувањето на листата на Транспаренси интернешнл е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјала.
Ова е резултат на работењето на Катица Јанева и новоформираното Специјално јавно обвинителство.
Оливер Спасовски ќе остане запаметен по тоа што цела година откако ја извршуваше функцијата технички министер, не реализираше ниту една акција за сузбивање на криминалот и корупцијата.
Оливер Спасовски не само што не реализираше ниту една акција, туку се фотографираше и се движеше во присуство на криминалци и лица од подземјето, а првоосомничениот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири – Чауш се покажа дека бил близок пријател и чест гостин во кабинетот на Зоран Заев.
Почитувани,
Ништо подобро не се однесуваше ниту нивното специјалното јавно обвинителство. Наместо да го гони криминалот се става во негова целосна заштита. Првиот чекор на Катица Јанева беше укинувањето на притворот на Зоран Верушевски, а нејзиниот непрофесионализам и пристрасност кулминираа со аболицијата на криминалецот Зоран Заев за неговата одговорност во случајот „Пуч“.
Нема посериозен доказ од склоноста на СДСМ кон корупцијата од видеото кое што го виде целата јавност, како аболицираниот криминалец Зоран Заев бара поткуп на струмичките бизнисмени.
Ова се ефектите од враќањето на СДСМ во власта и од непрофесионализмот на нивните послушници.
Граѓаните на Република Македонија, нема да заборават дека во време на владеењето на СДСМ до 2006-тата година, Македонија беше пласирана на 105-тото место на листата на соросовата Транспаренси интернешнл.
По заслуга на криминалното работење, Македонија беше црна дупка во која што царуваа шверцот и корупцијата.
Таквото време помина. Граѓаните на 11-ти декември му дадоа уште еден црвен картон на СДСМ и порачаа дека не сакаат аболицирани криминалци да ја водат државата.
 Враќањето на СДСМ на власт значи деструкција и назадување, наместо проекти, реформи и напредок.
Ова е факт и ова не мож

Пронајдете не на следниве мрежи: