Разликите помеѓу првиот, вториот и третиот столб

„Столб“ е дел од пензискиот систем. Пензиските системи најчесто имаат помеѓу еден и три столба. Разликата меѓу столбовите се однесува на начинот на финансирање (тековно или капитално) и по опфатноста (задолжително или доброволно).Првиот столб е PAYG тековно финансирана компонента од системот со три столба. Прв столб е PAYG компонента од систем со повеќе столбови, додека систем со еден столб е пензискиот систем пред неговото реформирање, кој е финансиран на PAYG основа.  Во Македонија “прв столб“ е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.”
Вториот столб во Македонија е задолжителна капитално финансирана компонента од тростолбниот систем. Вториот столб се состои од индивидуална сметка на секој вработен на која се уплаќаат дел од придонесите на вработениот. Придонесите, се инвестираат на пазарите на капитал и остваруваат принос. Така при пензионирањето, работникот кој е дел од првиот и вториот столб, ќе прима посебна пензија и од првиот и од вториот столб.
Третиот столб пак, исто како и вториот столб се состои од индивидуални и професионални, приватно управувани пензиски сметки. Разликата е во тоа што третиот столб е доброволен, во него може да членува секое лице на возраст од 15 до 70 години, со исклучок на лица кои користат пензија.
Повечќе информации можете да најдете на следниот ЛИНКПрвиот столб е PAYG тековно финансирана компонента од системот со три столба. Прв столб е PAYG компонента од систем со

Пронајдете не на следниве мрежи: