Разоткриена е една од најстрого чуваните тајни на Ватикан!

Викиликс објавија пораки на својот сајт, кои покажуваат дека Ватикан знае за постоењето на вонземски суштества и уште поинтересно, дека дури и комуницираат со нив.

Објавените пораки на сајтот на Викиликс содржат преписка меѓу поранешниот американски астронаут од Аполо 14 Едгар Мичел и досегашниот советник на американскиот претседател Барак Обама – Џон Подеста.
Пораките се од 2015 година, кога Едгар Мичел побарал итна средба со Џон Подеста, за да разговараат за откривање на вонземски суштества од владата на САД. Тие разговарале исто и за „енергијата од нулта точка“, која според теории на заговор се нарекува уште и „бесплатна енергија“, бидејќи би ги задоволила енергетските потреби на целата планета.
Оваа теорија за „енергијата од нулта точка“ сепак се чува во тајност, бидејќи би се распаднала нафтената индустрија, а оттаму би можела и многу да настрада глобалната економија водена од светските енергетски монополи.
Каде е вмешан Ватикан?
Во една од пораките, астронаутот Едгар Мичел споменува дека на средбата со Џон Подеста ќе присуствува и негов колега, кој има докази дека Ватикан знае за вонземјаните и е шокиран што комуницира со нив. Во друг мејл испратен од Едгар Мичел, се споменува дека вонземјаните се пријателски настроени и им помагаат на луѓето да асимилираат енергија од нулта точка.
Во пораката се содржи и следнава реченица: „Тие (вонземјаните) нема да толерираат воено насилство како на Земјата, така и во вселената.“
Џон Подеста го критикува владеењето на претседателот Барак Обама, бидејќи не ги открил информациите за постоење на вонземјани. Сепак, Џон Подеста не е поврзан само со управувањето на Барак Обама, но и со Бил Клинтон.
Тогаш Џон Подеста бил главен советник на Бил Клинтон и бил директно поврзан со иницијативата на Лоренс Рокфелер за откривање на вонземјани од американската влада.
Џон Подеста ја повикал владата на САД да ја открие тајната за постоењето на вонземјани.

Пронајдете не на следниве мрежи: