РАЗОТКРИЕНА уште една лага на СДСМ: Ова е вкупниот број на иселени граѓани во последните 25 години!

При секое побивање на обидите на опозицијата да се смени јавното мислење во нивна полза, се измислуваат секакви податоци со кои се манипулира јавното мислење. За да дојде до остварување на кредибилни избори, СДСМ бара контролирани медиуми, како и планови за појава на фантоми на Избирачкиот список.Зоран Заев се размавтува со податоци дека над 400.000 Македонци ја имаат напуштено државата поради економски неприлики, егзистенцијални причини и ред други нешта.
Овој податок е фрапантен, со оглед на тоа што станува збор за голема бројка, а се цитираат податоци презентирани од Светска банка.
Според податоците, точната бројка на иселени Македонци изнесува 440.000 и навистина делува страшно на прв поглед.
Но, што крие Заев? Зошто се молчи дека овој податок се однесува на масовни иселувања на Македонци коишто се случиле во период од 50 години?
Ова го поби и министерот за финансии Зоран Ставрески:
– Периодот што го покрива овој миграциски индекс на Светска банка е од 1950 до 2010 година, период од 50 години. Во тој период од 50 години од Македонија во странство се иселиле приближно 447.000 лица, кои се изјасниле на попис спроведен во другите земји каде што живеат дека имаат македонско потекло. Значи, дел од тие лица се иселиле во шеесеттите, дел во седумдесеттите, дел во осумдесеттите, дел во деведесеттите години и еден дел има и во последните 10 години секако. Кога ги прашуваат на попис во графата какво потекло имаат, тој пишува македонско. Тоа е податокот што Светска банка го објавува и треба затоа да ја расчистиме оваа магла околу тоа дека од земјава во последниве икс години од политички причини што се пласира се иселиле 447.000 лица, рече Ставрески.
Според неофицијалните податоци, бројот на иселени граѓани од Македонија изнесува 79.000 во последните 25 години.
Во времето на СДСМ, 200.000 луѓе останале без работа и живееле со нула денари на ден, а биле затворени речиси 700 индустриски капацитети.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ, се отворија повеќе од 140.000 нови работни места и се прават секакви обиди за да се намали изливот на мозоци од државата.
Судејќи според најновите неофицијални податоци до кои дојде редакцијата на ПУЛС24, може да се заклучи дека мерките на ВМРО-ДПМНЕ допринесуваат за задржување на интелектуалните капацитети во државата и најновите податоци го докажуваат тоа!
Да се иселат 79.000 граѓани во последните 25 години е нешто со што оваа партија може да се гордее на постигнатото, пред сѐ поради разните мерки со кои им се овозможува на младите да имаат повеќе опции кога станува збор за проширување на перспективите и нивно вработување и самовработување.Зоран Заев се размавтува со податоци дека над 400.000 Македонци ја имаат напуштено државата поради економски неприлики, егзистенцијални причини и р

Пронајдете не на следниве мрежи: