Развод

Драга жено
Ти го испраќам ова писмо да ти соопштам дека те напуштам засекогаш. Јас бев добар маж за тебе седум години. Последниве две недели беа пекол, а пак денес твојот шеф ме побара да ми каже дека си ја напуштила работата, што беше ужасна вест. Претходниот викенд кога дојде дома воопшто не забележа дека ги подготвив твоите омилени колачи. Колачите ги изеде за две минути, а потоа ги изгледа сите твои серии и заспа. Повеќе не ми кажуваш дека ме сакаш и не помнам од кога не сме воделе љубов. Без разлика дали ме изневеруваш или пак престана да ме сакаш, повеќе не е важно. Јас заминувам.
П.С. Не се обидувај да ме најдеш. Твојата сестра и јас ќе се преселиме заедно. Имај убав живот.
Драг поранешен сопруг
Ти благодарам за писмото, ми го разубави денот. Точно е дека ние сме во брак седум години, но добар маж е далеку од тоа што беше ти. Мојата мајка ме научи подобро да не коментирам отколку да давам лоши коментари. Во однос на колачите што си ги направил за мене, морам да те поправам, тие воопшто не се мои омилени колачи туку на мојата сестра. Но покрај се, јас сеуште те сакав и мислам дека можеше да функционира како што треба. Инаку, работата ја напуштив откако освоив лотарија од десет милиони евра и купив две авионски карти за да отпатуваме некаде. Но кога се вратив ти не беше дома.
Поздрав од твојата поранешна жена, побогата од било кога и слободна.
П.С. Не знам дали некогаш сум ти кажала, но мојата сестра Карла некогаш беше Карл, се надевам тоа не ти претставува проблем.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Драга жено
Ти го испраќам ова писмо да ти соопштам дека те напуш

Пронајдете не на следниве мрежи: