Реакција на соопштение на Општинска организација на СДСМ Кисела Вода

Градот Скопје изминативе неколку години е во континуирана градежна офанзива каде се реализираат инфраструктурни проекти за подобрување на животот на жителите во Скопје.Голем дел од „критиките“ упатени кон Град Скопје и градоначалникот Трајановски се невистини и манипулации, додека дел од нив се проекти со кои Градот нема никаква допирна точка.
Како никогаш досега во сите 10 општини во Скопје се реализираат голем број на проекти, додека во моментов на терен се работи на инфраструктурни проекти со вкупна вредност од над 1,1 милијадра денари или приближно 18 милиони евра. 
Конкретно, на територијата на општина Кисела Вода во моментов се работи на неколку крупни инфраструктурни сообраќајни проекти со вредност од околу 5,5 милиони евра, како што се:
ПРОШИРУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ – 3 ФАЗА – Булеварот „Борис Трајковски“ во оваа трета фаза ќе се реконструира и проширува на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија, со вкупна должина од 2.200 метри. Вкупната сума за реализацијата на овој проект изнесува 228.164.592 денари со вклучен ДДВ, или околу 3,7 милиони евра.
ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БУЛЕВАР СРБИЈА – Со овој проект ќе се изврши проширување и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементара до улицата „Христо Татарчев“, а на крајот од овој булевар ќе се изгради нов кружен тек меѓу бул. „Србија”, ул. „Христо Татарчев” и ул. „Христо Татарчев крак 2″. Целокупната должина на новиот реконструиран и проширен коловоз со целосната реализација на овој инфраструктурен проект изнесува околу 1.400 метри, а вкупната инвестиција изнесува 98 милиони денари.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА НАРОДНИ ХЕРОИ – Со овој градежен зафат, улицата Народни херои ќе се обнови на потегот од крстосницата со улицата Димо Хаџи Димов до крстосницата со улицата Христо Татарчев, во должина од 416 метри. Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 10,4 милиони денари.
Фактите ги побиваат сите обиди на СДСМ, кои преку нивните лаги и манипулации се обидуваат да ја маргинализираат работата на Градот Скопје на територијата на Општина Кисела Вода и големиот број на реализирани проекти. За потсетување, изминативе 7 години на територијата на Кисела Вода, Град Скопје ги реализираше следните проекти:
1. Најголемиот проект е секако реализација на двете фази од проектот за реконструкција и проширување на бул. Борис Трајковски, каде во првата фаза се прошири на потег од Рампа до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри, додека во втората фаза на потег од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Паралелно со булеварот, поставена е нова атмосферска канализација, како и ново булеварско осветлување. Во проектот за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, Градот Скопје вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој и од Буџетот на Град Скопје.
2. На потегот од мостот на Маркова Река до фабриката „ОХИС“ коловозот на улица Борис Трајковски во 2010 година беше саниран во должина од 2,5 километри.(14,5 милиони денари)
3. Реконструирана улицата Иван Козаров, на потегот од крстосницата со улицата Доситеј Обрадовиќ до крстосницата со улицата Божидар Аџија, во должина од 340 метри, за што се потрошени 3 милиони денари.
4. Проширени и асфалтирани 5 улици во населбата Усје (1,2,3,4 и 22), за што Град Скопје одвои над 3 милиони денари.
5. Подобрување на водоводната мрежа во Драчево, преку реконструкцијата на водоводната мрежа по улиците на улиците Сердарот и Шиндаровска (Инвестиција 8,5 милиони денари).
6. Поставени подземни контејнери на 3 локации во Кисела Вода: во  населбата  Драчево;  кај ОУ „Круме  Кепески“ и на улицата Михаил Чаков, кај ОУ „Невена  Георгиева Дуња“. За реализација на овој проект се издвоени вкупно 6,6  милиони денари, односно, со по 2,2 милиона денари, учествуваат Градот  Скопје, Oпштина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“.
Реализацијата на сите овие проекти се уште еден доказ за посветеноста на Градот Скопје за подобрување на инфраструктурата и подобрувањето на животот на Скопје.Голем дел од „критиките“ упатени кон Град Скопје и градоначалникот Трајановски се невистини и манипулации, додека дел од нив се проекти

Пронајдете не на следниве мрежи: