Рецепт за ЛАЗАЊИ од северот на Италија!

Со овој рецепт од северниот дел на Италија ќе ги изненадите вашите домашни со вкусен ручек или пак ќе ги воодушевите вашите гости.Овие лазањи можат да се прават и со купено тесто, во тој случај ќе ви бидат потребни две пакетчиња. Мелено месо може да ја замени пилешко месо, можете да додадете печурки, зеленчук или нешто друго по ваш вкус.
Потребни состојки:
За филот:
– 1 кг мелено говедско месо
– Кромид
– Бибер
– Моркови
– Домати
– Barilla доматен сос
– Зачини
За тестото:
– 4 јајца
– 400 гр брашно
– Сол
За преливот:
– 125 гр путер
– 4-5 лажици брашно
– 1 литар млеко
И додатно по ваш вкус пармезан.
Начин на подготовка:
Замесете го тестото со брашното и јајцата, не е неопходно да додадете вода. Овозможете му на тестото да одмори неколку часа. Одделете топки тесто и рачно развлечете ги или пак со машина за тестенини. Исечете го тестото на правоаголници соодветни на тавчето кое ќе го користите. Испржете го кромидот и зеленчукот  и додадете го месото и зачините и варете додека не е готово. Пред крајот на готвењето додадете го Barilla сосот или пак некој сличен доматен сос и гответе уште десет минути.
Направете класичен бешамел сос.Стопете путер и додадете малку брашно и млеко, гответе додека не се згусне.
Во подмачкан сад за печење наредете го првиот слој од тестенини, па полејте со бешамел сосот, па сосот и месо и така се додека не се пополни садот за печење. Последниот слој треба да биде тесто со бешамел сос врз него. Кога е се готово се става пармезан и се покрива со алуминиумска фолија и се пече во рерна на 200 степени околу 30 минути. Отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути до светло кафена боја.
Вкусните лазањи се готови! Добар апетит!Овие лазањи можат да се прават и со купено тесто, во тој случај ќе ви бидат потребни две пакетчиња. Мелено месо може да ја замени пилешко месо, мож

Пронајдете не на следниве мрежи: