Рецепт за НАЈВКУСНИТЕ сникерс колачи

Направете си превкусни сникерс колачи…Потребни состојки за тесто:
50 грама брашно
20 грама шеќер
1 лажичка какао (обично, горко)
½ кесичка прашок за пециво
1 јајце
30 мл. млеко
30 мл. зејтин
Потребни состојки за фил:
80 грама шеќер
60 мл. млеко
Малку вода
30 грама печени и благо ситнети кикиритки
Чекор 1
Со шеќер и млеко спремајте карамела – во мало тенџере ставете 80 грама и на силна топлина оставете да се истопи до светло кафена боја. Кога поголем дел од шеќерот е во таа фаза а се уште имате во средината нестопен шеќер, со кружни движења како да ставате палачинка во тава помогнете му на остатокот од шеќерот да се истопи. Ова е добро да се практикува бидејќи ако го оставиме остатокот од шеќер да се стопи на рингла многу брзо може да прегори и тешко да се исчисти од тенџерето.Кога ќе се истопи целиот шеќер и се уште тенџерето ни е во рака додаваме една до две лажички вода и чекаме да помине првата бурна реакција. Шеќерот се топи на 180 степени и секоја течност додадена има реакција на вриење, затоа е препорачливо вода прво, бидејќи млекото ако се додаде прво може да загори. После таа реакција додаваме малку млеко и го враќаме тенџерето на тивок огин. Нека не ве загрижува ако карамелата од прва добие форма на леплива грутка која вирее од млекото, продолжете да готвите на тивок огин и мешајте повремено и на крај се ќе се истопи во компактен раствор. Ако се уште забележите грутки прецедете ја млечната карамела преку цедилка за чај.
Чекор 2
Оставете да се олади па измешајте во таа смеса 30 грама печени, солени кикиритки.
Чекор 3
Додека се олади смесата за фил, спремајте го тестото. Во чинија ставете брашно, шеќер и прашок за пециво и измешајте со виљушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл млеко и 30 мл зејтин, се добро измешајте да биде без грутки.
Чекор 4
Со добиената смеса наполнете 4 керамички шолји (препорачливо 100 мл). Ставете ги во микробранова печка на 3 минути и 750 W. Оставете да се оладат и со мал нож издлабете дупка во средина и во неа сипете ја карамелата со кикиритките. Спремно за послужување.Потребни состојки за тесто:
50 грама брашно
20 грама шеќер
1 лажичка какао (обично, горко)
&frac12

Пронајдете не на следниве мрежи: