РЕЦЕПТ за подобар живот: Сочни урмашици на кои НИКОЈ не може да им одолее!

Едноставни се и се топат во уста. Сочни урмашици на кои никој не може да им одолее.Потребни состојки:
2 чаши (од 2дл) масло
1 чаша вода
700 g брашно
1 пакетче прашок за пециво
Сируп:
2 чаши (2 дл) шеќер
1,5 чаша вода
2 кришки лимон
Подготовка:

 

Во тенџере ставете го маслото и водата и оставете да зоврие, па додадете го брашното о прашокот за пециво, непрестанато мешајте. Тргнете го од оган и добро измешајте.
Тестото нека се излади, па направете урмашици и печете ги на 200 степени додека не добијат златно – жолтеникава боја. Кога ќе се испечат, така топли прелијте ги со топлиот сируп.
Сируп: Шеќерот, водата и кришките лимон ставете да зовријат, и тоа откако ќе зовријат нека стојат на оган уште 3 минути.
Урмапиците можете да ги направите на ренде при што се прават во 3 чекори, а сите излегуваат еднакви. Земате парче тесто, го обликувате во долгнавеста  форма и го ставате на рендето од испакнатата страна.
Имајте добар апетит!Потребни состојки:
2 чаши (од 2дл) масло
1 чаша вода
700 g брашно
1 пакетче прашок за пециво

Пронајдете не на следниве мрежи: