Регионална конференција за англиски во бизнисот

Во современиот модерен и динамичен свет на индустрии и услуги, англискиот јазик е доминантен во севкупната деловна комуникација. Неспорно е дека работната сила на глобалниот пазар има голема потреба од образовни вештини што, пред сè, ќе има долгорочен организациски и индивидуален ефект. Денес, потребата од познавањето на англискиот јазик е клучна за сите аспекти од деловниот и професионалниот живот.Деновите кога тестирањето на англискиот јазик се изведуваше исклучиво со лист и пенкало и само  во  кеколку институции,  се заборавени и оставени зад нас.  Денес,  кандидатите може да се тестираат на многу локации ширум светот преку компјутер.  Британскиот совет со радост го најавува официјалното промовирање на нивната нова и иновативна глобална алатка, Аптис.
Тестот  по  англиски јазик– Аптис,  е  првиот  продукт  во  поновата  историја  целосно создаден од Британски совет и во негова сопственост, и е изграден на револуционерна нова интерактивна платформа. Развиен како целосно интегриран тест, со менаџмент,  испорака, систем на следење и известување, кој нуди резултати помалку од24 часа.
Кандидатите исто така можат да пристапат до Аптис од оддалечени локации низ светот,  па дури и со ограничена интернет конекција, овозможувајќи многу повеќе организации и поединци да развијат контакт со англискиот јазик.
Аптис е бизнис производ, и е брз тест за возрасни кој може да се користи за да се оцени познавањето на сите четири вештини во англискиот јазик(зборување, слушање,  читање и пишување) но, исто така, може да се прилагоди, со цел да се тестираат една или повеќе од овие специфични вештини.
Марк Робсон, Директорот за англиски јазик во Британски совет, вели: „Постои огромна незадоволена  побарувачка  за  настава  и  оценување  на  англискиот  јазик  во  светот.
Постојат повеќе од1,6 милијарди лица кои го изучуваат англискиот јазик на глобално ниво, а само околу15 милиони тестови за англиски јазик во моментов се продаваат од страна на Велика Британија и САД, поголемиот дел од нив обезбедени од страна на САД. Организациите често се во потрага за многу специфични решенија, кои до сега се обезбедуваа  со  производи(тестови)  кои  не  секогасш  се  соодветни.  Аптис  ќе  ни овозможи да ја пополниме празнината на пазарот на организации и институции, кои сакаат современа, адаптибилна и флексибилна алатка за проценка, што ќе биде репер за владеење на англискиот јазик на кадрите. ”
„Британскиот совет е светски авторитет во англискиот јазик. Ние работиме во широк спектар  услуги  во  наставата  и  оценувањето  на  англискиот  јазик,  како  и  со министерствата за образование ширум светот, со цел подобрување на наставата по англиски  јазик  во  образовните  институции  ширум  светот.  Ние,  исто  така  имаме неколкудецениско искуство во изведување испити со висок квалитет, а тоа е позиција на која Аптис ни овозможува да се надградиме. ”
Иновативниот Аптис систем за оценување е повеќе базиран на задачата отколку на тестот. Тоа подразбира дека за една задача, на различни локации во светот, повеќе испитувачи  може  да  оценуваат  различни  делови  од  тестот,  пред  сè преку е- платформата.
Аптис  платформата  исто  така  овозможува  лесно  прилагодување  на  тестот  според барањата на организацијата.  Содржината може да се прилагоди за да одговара на одредената  област,  како  на  пример  за  обука,  за  патување  или  туризам,  и  да  е прилагодиспоред културниот контекст и варијантите на англискиот јазик.
Аптис е последната едиција во портфолиото на продукти за англиски јазик и тестирање на Британски совет,  со што му овозможува на Британски совет да понуди целосно решение за потребите на организациите во поглед на англискиот јазик.
За дополнителни прашања од медиумите, Ве молиме контактирајте нè на:
Британски совет,
Бул. Гоце Делчев6, 1000 Скопје, Македонија
[email protected]
T +389 2 3135 035, Ф+389 2 3135 036 Деновите кога тестирањето на англискиот јазик се изведуваше исклучиво со лист и пенкало и само  во  кеколку институции,  се забораве

Пронајдете не на следниве мрежи: