Регистрирани 60 последователни потреси во Италија, бројот на загинати расте

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди планинскиот дел на централна Италија, при што загинаа најмалку 14 лица.Земјотресот предизвика голема штета, но најверојатно не погоди густо населена област.
Најпогодени се селата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто.
Погодената област е на околу 170 километри од Рим.
Италијанскиот институт за земјотрес регистрираше 60 последователни потреси во текот на четри часа по првиот удар, при што најсилниот беше 5,5 степени.Земјотресот предизвика голема штета, но најверојатно не погоди густо населена област.

Пронајдете не на следниве мрежи: