Реконструкција на Центарот за социјални работи во Куманово

Во тек е реконструкција на зградата на Центарот за социјални работи Куманово и на зградата каде што е сместен Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост под 18 години, преку проект на Министерството за труд и социјална политика, со обезбедени средства од ЕУ.– За реконструкција на кумановскиот Центар за социјални работи и за Дневниот центар за лица со попреченост, издвоени се средства во износ од милион и петстотини илјади денари, изјави раководителот на Центарот за социјални работи Куманово, Даниел Живачки.
Во Дневниот центар е извршена санација на подот, заменети се старите прозори, делумно е санирана фасадата, извршено е реновирање на тоалетите. Во моментов, посочи Живачки, привршуваат молерско-фарбарските активности.
– Верувам дека со реконструкцијата ќе се подобрат условите за престој на корисниците на на Дневниот центар, додаде Живачки. Во тек е реконструкција и на Центарот за социјални работи во Куманово. Подобрено е осветлувањето во просториите на центарот, што ќе ги подобри условите и за вработените и за лицата кои се корисници на правата и услугите.
– Со оваа реконструкција се обезбедуваат услови за понатамошно оддржување на објектите, рече Живачки. Услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ги користат 26 лица. Реновирањето се очекува да заврши за петнаесетина дена, по што уредениот простор повторно ќе биде достапен за корисниците.– За реконструкција на кумановскиот Центар за социјални работи и за Дневниот центар за лица со попреченост, издвоени се средства во износ од

Пронајдете не на следниве мрежи: