Решен работниот статус на 67 вработени во образовните институции во Охрид

На 67 лица ангажирани во образовниот процес во основните и средни училишта во општина Охрид, денес, од страна на заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот Никола Бакрачески им беа доделени решенија за трансформација на работен однос.- На мое лично задоволство оваа бројка само го зголемува бројот на лица кои го регулираат трајно својот работен однос во рамки на образовниот систем во Македонија и можам да кажам дека од кога започнавме со реализација на овој процес во 2009 до сега околу 9000 лица добија трајни решенија за вработување во рамки на системот на образование, нагласи заменик министерот Ристовски.
Градоначалникот Бакрачески изрази задоволство што на над 60 вработени во образовниот процес во општина Охрид конечно им е решен работниот статус, а кои претходно биле ангажирани на определено работно време.
– Го решија нивното основно животно прашање а тоа е вработувањето, што им обезбеди стабилна егзистенција. Ослободени од притисокот, во иднина да не добијат такво решение, сега овие лица ќе можат да се се посветат и на образовниот процес и на своите семејства, рече Бакрачески.
Согласно измената на Законот за работни односи во 2009 година, трансформацијата на работен однос од определено на неопределено време почна да се врши на лица кои работат најмалку пет години на одредено работно место. Со измената од 2011 година, трансформацијата почна да се врши и на лица со две години стаж на одредено работно место.- На мое лично задоволство оваа бројка само го зголемува бројот на лица кои го регулираат трајно својот работен однос во рамки на образовниот систе

Пронајдете не на следниве мрежи: