РЕСТРИКЦИЈА НА КАЛОРИИ: Вашите 3 омилени јадења ВО НОВО издание

Ако сакате побрзо и полесно да ослабете, пробајте со овие интересни замени на храна…Компирот и тестенините спаѓаат меѓу најомилените јадења. Но всушност овие две намирници се преполни со јаглехидрати поради што никако не можат да бидат ваши сојузници во слабеењето. Затоа пробајте со овие интересни замени.
Лазањи
Модар патлиџан наместо тесто:

Модриот патлиџан е вкусна намирница од густа структура која може да го замени тестото за лазањи.
Модриот патлиџан измијте го и исечете го на листови. Во плех ставете намрсена хартија за печење, на неа наредете го зеленчукот и премачкајте со маслиново масло.
Печете ги во рерна околу 5 минути на 220 степени и исто толку од другата страна.
Откако ќе ги испечете, модрите патлиџани можете да ги употребите на ист начин како тесто за класични лазањи.

 
Пире
Карфииол наместо компир:

Овој зеленчук во зготвена варијанта има нежна текстура и ќе биде одлична замена за компир.
Карфиолот сварете го на пареа и додадете вода. Во тенџерето додадете путер, сол и павлака за готвење, како кога правите класично пире од компири. Се заедно добро измиксајте, ако сакате побогат вкус, пропржете многу малку лукче и додадете го во пирето и уште малку се заедно измешајте.
Шпагети
Тиквички наместо тестенини

Тиквичките се намирница која ја обожаваат сите и затоа треба максимално да се искористи. Исечкајте ја тиквичката на тенки листови и потоа секој лист на траки (ленти потенки и подебели) и ке добиете шпагети од зеленчук.
Шпагетите може да ги сварите одвоено или кога ќе направите сос за тестенини, ставете г н крајот во него и се заедно нека проврие уште 5 минути. Компирот и тестенините спаѓаат меѓу најомилените јадења. Но всушност овие две намирници се преполни со јаглехидрати поради што никако не можат да б

Пронајдете не на следниве мрежи: