Риjана дизајнираше “улична и секси“ модна линија

Американската пејачка Риjана реши на светската јавност да и покаже уште еден од своите таленти. Таа во саботата,  во соработка со брендот “River Island” ја претстави својатата прва модна линија, која критичарите ја дефинираа како уникатен “уличен и секси“ стил.
Ова прво модно деби на Риjана се очекуваше со многу нетрпение во џет-сетот, а беше дел од лондонската Модната недела. Поради големиот интерес, ревијата можеше да се следи спреку интернет.
Наместо вообичаена модна писта,  на сцената имаше пет квадратести подиуми на различни нивоа на која манекенките се движеа во ритамот на хип-хоп музиката.

Риана и со својата модна линија останува доследна на својот стил: откриен папок, горниот дел од облеката често се сведува само на градник, долги фустани со шлицови кои ги откриваат нозете, високи потпетици.
Сите модели биле изработени од лесни материјали, неретко проѕирни, во претежно црна и жолта боја или со цветни дезени.
По шоуто Риана се појави да ја поздрави публиката, облечена во мало црно здолниште, со светкав ѓердан и со низа од нараквици.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Американската пејачка Риjана реши на светската јавност да и покаже уште еден од своите таленти. Таа во саботата, &nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: