Ријана се отвори за нејзиното помирување со Крис Браун. Ви приложуваме дел од нејзиното интервју.
Музичката ѕвезда изјави за Роулинг Стоунс дека не би се смирила со Крис, доколку смета дека тој повторно би ја нападнал.
Рири даде изјава за повторното обединување со пејачот, нешто помалку од четири години откако тој ја нападна ноќта пред Греми наградите, 2009-тата година:
„Нема да дозволам нечие мислење да ми застане на патот. Дури и да е грешка, ќе биде моја грешка. Откако бев измачувана толку многу години, претпочитувам да ја живеам мојата вистина и да преземам акција. Можам да се справам со тоа“.
Таа додаде за магазинот:
„Кога ќе ги споите сите парчиња, не е најслатката сложувалка во светот. Не гледате како одиме некаде, како се возиме некаде, во студио, во клуб и мислите дека знаете. Но, сега е поразлично. Веќе не ги имаме истите караници. Се цениме меѓусебно. Сега точно знаеме што имаме и не сакаме тоа да го изгубиме“.
Прекрасната пејачка од Барбадос продолжи:
„Тој неможе да си го дозволи луксузот да погреши повторно. Тоа едноставно не е опција. Не велам дека се ќе биде во ред. Но, прилично сум сигурна дека самиот се гади од тоа и дека јас не би отишла толку далеку, доколку мислев дека тоа е можно“.
Да се надеваме дека Рири нема да погреши овој пат.Ријана се отвори за нејзиното помирување со Крис Браун.