Ристовски: Државната матура се спроведува без проблеми

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска на време почна полагањето државна матура, со тестирање по мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати или околу 17 илјади ученици. За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а 428 полагаат турски јазик и литература.– Државната матура денеска се  спроведува во сите средни училишта без никакви проблеми. Матурата почна во предвидениот термин и се спроведува согласно планот и динамиката, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој ја посети Гимназијата „Јосип Броз-Тито“.
Тој очекува дека се ќе биде во ред со полагањето на матурата бидејќи ова е деветта година како се полага матурата. Според него, имплементацијата на државната матура стана пракса и за Министерството за образование и наука и за Државниот испитен центар.
Заменик-министерот за образование на матурантите кои денеска полагаат им посака успех и обезбедување што поквалитетни резултати.
– Со помош на овие резултати потоа следат уписи на високообразовните установи. Резултатите од државната матура ќе бидат обезбедени триесет дена по завршување на последниот испит, рече Ристовски.
Директорката на гимназијата „Јосип Брзо-Тито“ во Скопје  Татијана Стојанова Дуева информира дека одлично се спроведува процесот, без никакви забелешки.
– Тука се присутни луѓето од Државниот испитен центар, надзорот од Инспекторатот, тестаторите се на своите места и учениците. Немаме отсутни ученици и се надевам на успешна реализација, рече Стојанова Дуева.
Како што соопшти Државниот испитен центар, државна матура годинава ќе полагаат вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.
Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат три предмети.
На 9 јуни ќе се полага испитот по математика за кој се пријавени 2.335 кандидати, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик.
Како и во изминатите години, и оваа најмногу матуранти (15.353) избрале да полагаат англиски јазик, а за останатите странски јазици бројот на пријавени е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 114 кандидати, германски јазик 197, а руски јазик 32 кандидати.
На 15 јуни е закажано полагање по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4.426 кандидати, историја 2.775, биологија 3.191, филозофија 4.230, хемија 344, физика 91 и естетика 188.
Сите испити почнуваат во 10 часот. Испитниот материјал се носи во училиштата на денот на испитите и потоа се враќа во Државниот испитен центар.
Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2.314 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи.– Државната матура денеска се  спроведува во сите средни училишта без никакви проблеми. Матурата почна во предвидениот термин и се

Пронајдете не на следниве мрежи: