Рижото на ровињски начин

Рижотото може да биде секакво – посно, со печурки, со тиквички, морски плодови, доматно рижото. Најважно е оризот да се пржи на тивко, и тоа исклучиво на масло за јадење, течноста да се додава постепено и да се користи адекватен ориз. Оризот со помало зрно има повеќе скроб и е покремаст. Оризот со поголемо и подолго зрно подобро се комбинира со јадењето како негов прилог.Состојки:
320 грама ориз
500 грама каламари (лигни)
400 грами шкампи
100 грама маслинки
24 школки
200 грама конкасе (излупени домати исечкани на коцки)
Главица кромид, главица лук, магдонос, сол
Капари
1 дл. бело вино
2 лажици маслиново масло
Масло за јадење
Пармезан
Подготовка:
Оризот се вари, се исцедува и се мие со жешка вода.
Се раздалува во чинии, одозгора се става прелив и се посипува со пармезан. Се служи како топло предјадење, а може и како главно јадење со салата.
Треба да се внимава оризот да не се превари. Се вари толку време, во средината да се гледа бела точка кога ќе се гризне.
Подготвуање на преливот:
Во ситно исечканиот и на масло пропржен кромид се додаваат исчистените и исечени лигни, исчистените опавчиња од скампи и заедно се пржат. Потоа се додаваат доматите, лукот и виното.
Во посебен сад, на маслиново масло, се пржат школките. Пржените школки се додаваат кон лигните и скампите, заедно со маслинките и капарите. Потоа сето се посолува и се остава да се динствува неколку минути. Школките можат да се употребат исчистени или цели.
Ситу продукти треба да бидат свежи. Преливот не може да се подгтотвува однапред. Се служи веднаш, бидејќи јадењето тогаш е највкусно.
Вака приготвен, преливот може да се употреби и за преливање варени широки резанци и шпагети.Состојки:
320 грама ориз
500 грама каламари (лигни)
400 грами шкампи
100 грама маслинки
24 школки
2

Пронајдете не на следниве мрежи: