Слетувањето на сондата ги привлече наодите дека 67P не е комета, туку строго чуван предмет во тајност, од страна на НАСА и Европската вселенска агенција (ЕВА). Во средата попладне, Европската вселенска агенција направи галактичка историја, кога нивната мисија Розета успешно го спушти роботот Филе на комета, со што за првпат беше постигнат извонреден подвиг.
Се од слетувањето на Месечината до смртта на Елвис, алтернативната верзија на „она што навистина се случило“ како слетувањето на Филе на кометата 67P, не траеше долго.
Според и-мејл, објавен на веб-страницата „UFOSightingsDaily.com“ – оваа мисија е дел од Европската вселенаска агенција и НАСА ја прикврива нејзината вистинска вонземјанска природа. И-мејлот, наводно од таен кодош – вработен во ЕВА, ја обвинува агенцијата за „бесрамни подлоги“ со цел да се прикаже слетувањето на кометата и се додаваат слики, со кои сакаат да потврдат за „вистинската внатрешност на кометата 67Р“.
Во него пишува: „Не мислете за момент дека вселенската агенција одеднаш ќе се одлучи да потроши милијарда долари за да изгради и испрати вселенско летало на 12-годишно патување само за да обезбеди некои крупни слики од што треба да изгледа како комета, која лебди во просторот“.
„Кометата 67Р не е комета. Пред 20 години, НАСА започна со откривање на радио-бранови од нешто непознато. Подоцна ќе се дознае дека овие веројатно доаѓаат од правец на тоа што денес се именува како комета 67Р. Покажува знаци од својата надворешност како делови од нешто неприродно“.
И-мејлот завршува со пасусот, во кој се вели дека: „Без оглед што објект е ова, не било побарано да се најде или да се прегледа“.
Коментирајќи на овој и-мејл, соработникот Скот Варинг исто така рече дека сигналите што се емитуваат од кометата се „поздрав“ за луѓето. „Ако беше предупредување, тие немаше да дозволат вселенските објекти на ЕВА да слета“, пишува тој. „Веруван дека слетувањето на објектите на ЕВА е еквивалент на првото ракување. Тие наскоро ќе напрват уште еден потег. Структури на вонземјани се наоѓаат на кометата. Не верувам дека сето ова е природно“. Во средата попладне, Европската вселенска агенција направи галактичка историја, кога нивната мисија Розета успешно го спушти роботот Филе на комета