Рогозин: Придњестровље бара да биде признаено од страна на Москва

Потпретседателот на руската влада, Дмитриј Рогозин денеска изјави дека во Москва донел петиција со која од таа земја се бара да ја признае сепаратистичката област Придњестровље и покраj обидот на молдавските власти да го конфискуваат тој материјал, јавува РИА Новости.„Потписите од жителите на Придњестровље за признавање на независноста на нивната република веќе се наоѓаат во Москва. Молдавските специјални лужби кои го претресоа нашиот авион, запленија само мал дел од материјалот“, напиша Рогозин на својата Фејсбук страна.
Молдавските власти претходно соопштија дека го спречиле Рогозин да ја напушти Молдавија со неговата петиција и дека на аеродромот во Кишињев ги конфискувале кутиите со потписи, како и дека ќе го анализираат тој материјал.
„Провокацијата на Кишињев ќе има сериозни последици на нашите билатерални односи“, порача Рогозин.
Минатата недела на границата на Молдавија беше прогласена вонредна состојба поради насилствата во соседна Украина. Придњестровље 50 години беше во состав на Молдавија, а по распадот на СССР таа област се отцепила. Придњестровље во 1992 година прогласи независност, која не беше признаена од страна на меѓународната заедница.
На референдумот од 2007 година, 97% од граѓаните се изјаснија дека сакаат да се припојат кон Русија, која финансиски го поддржува Придњестровље.„Потписите од жителите на Придњестровље за признавање на независноста на нивната република веќе се наоѓаат во Москва. Молдавските специјални

Пронајдете не на следниве мрежи: