Ролат од шунка, кашкавал и павлака

Едноставна и брза ролада од 4 состојки…  Подеднакво вкусна и топла и ладна!Состојки:
50 гр кори за пита
20- 30 гр шунка во листви
20-30 гр гауда кашкавал
Околу 80 гр  кисела павлака
Корите една врз друга премачкајте ги со павлаката, ставете ја и третата кора и повторно премачкајте со павлака. На тоа ставете ги листовите шунка. Повторно ставете две кори, премачкајте со павлака и повторно кора. Наредете го кашкавалот и повторно кора. Следната кора повторно премачкајте ја со павлака  и наредете го кашкавалот. Пркеријте со останатите кори и  цврсто замотајте во ролат.
Не е важен распоредот на корите и преливот… Распоредот направете го сами… корите премачкајте ги во тенок слој за да ви стаса за сите кори… Помеѓу корите напрскајте и малку масло за јадење. Во еден слој ставете ја шунката а во друг кашкавалот и свиткајте. Ставете го во поголемо тавче. Остатокот од павлаката премачкајте го врз ролатот.
Печете во загреана рерна на 180-190 степени и печете околу 40- 45 минути додека не добиете убава боја.
ПријатноСостојки:
50 гр кори за пита
20- 30 гр шунка во листви
20-30 гр гауда кашкавал
Околу 80 гр  кисела павлака

Пронајдете не на следниве мрежи: