Во целост ви го пренесуваме ставот на Горазт Росоклија за „Промена на презиме и промена на име“(повторно за жените, овој пат за оние што се мажат)
ФБ пријателка на својот ѕид прашува, дали со земање на презимето на сопругот, се променил и нејзиниот идентитет?
Моето мислење решив да го ставам и на мојот ѕид.
,,Вие го градите сопствениот идентитет од моментот на вашето раѓање.
Презимето е идентитетот на семејството, идентитет изграден од вашите предци, името е вашиот личен идентитет. Има многу Кенедиевци, од алкохоличари до лопови, еден е Џон Кенеди.
Нациите го градат својот идентитет од првата цивилизација на таа територија до создавањето национална свест, а после тоа го зајакнуваат и збогатуваат.
Небитно е чие било царството, чија била црквата, нашите дедовци ги создавале вредностите на се што не опкружува колку и да е старо.
Кој е тој што на Македонецот ќе му одреди што е негово, што не е, на територијата на која живее? Може Плаошник, не може Хераклеа, може Скупи, не може Кокино?
Дали некој им брани на Грците да се гордеат со минојската цивилизација со која немаат ништо заедничко освен што тие ја уништиле, а денес е на територијата на Република Грција?
Македонскиот идентитет е сврзното ткиво, без тој идентитет, нема да постои Македонија како држава.
Вие, кога го сменивте презимето го сменивте и домот, ние не сакаме да го смениме и да живееме во туѓ на некој од соседите.
Кај нациите, особено кај македонската нација чии идентитет не е признаен од соседите, со промена на името (географска одредница), се создава нација која не може да полага право на историјата создавана од нашите предци на територијата на која се нивните гробови, а која е туѓ дом. Тие ја создавале историјата на Македонија, не на Северна Македонија. Северна Македонија би била земја на Северномакедонци, земја и нација без историја до тој момент.
Албанците живеат во Македонија, дали ќе сакаат да живеат во Северна Македонија или ќе и се приклучат на матицата земја?
Вие, промената на презимето ја избравте за себе, личен избор што е ваше право. Ние како жива генерација Македонци немаме право да го менуваме идентитетот ниту во име на мртвите ниту во име на оние што доаѓаат.
Конечно, 90% од Македонците го разбираат или го чувствуваат ова што го зборувам и се против промена на името ако е тоа услов за членување во привремени организации.
А Грците, покрај сите можни мани, се паметен народ на образувани и паметни лидери. Тие нивни лидери безброј пати повториле дека ним не им е битно името, туку не признаваат постоење на македонска нација.
Колку појасно треба да ни го кажат за да го разбереме?“(повторно за жените, овој пат за оние што се мажат)
ФБ пријателка на својот ѕид прашува, дали со земање на презимето на сопругот, се промен