Руската воена парада ја разлути Германија!

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе им испрати порака на САД и НАТО, преку обележувањето на 69. годишница од победата над нацизмот.Московскиот Црвен плоштад ќе го надлетаат 69 авиони и хеликоптери, ќе маршираат 11.000 војници кои ќе бидат следени од ракети, тенкови и оклопни возила.
Русите ќе ја слават годишнината и во Севастопољ
Ќе се покажат и интерконтиненталните балистички ракети од системот Топољ, чиј модел Топољ РС-12М беше успешно ласниран во март, во екот на украинската криза. Русите ќе ја прослават победата над нацистичка Германија во уште 23 поголеми градови и во Севастопољ, кој го припоија за време на кризата на Крим.
За првпат во историјата, Денот на победата ќе се одржи и во Керч (источен Крим).
– Би бил голем срам ако на таков ден се одржи парада во такво конфликтно подрачје, смета германската канцеларка Ангела Меркел.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, претходно изјави дека овогодинешната прослава на Денот на победата има важно политичко значење, нагласувајќи ја потребата „да му покажат на светот дека Русија има нулта толеранција кон фашизмот“.
Русија ги опиша неодамнешните протести во Украина како фашистички потег и воено преземање на власта.

 
НАТО размислува да испрати трупи на истокот на Украина
Украина е подготвена за нови преговори, доколку Москва ги поддржи претседателските избори кои се закажани за 25 мај. Порадио зголемените тензии, НАТО планира да испрати трупи на истокот на Украина. Силите на НАТО кои моментално се наоѓаат во Украина ќе бидат таму до крајот на годината, но сега размислуваат за постојан ангажман.
Московскиот Црвен плоштад ќе го надлетаат 69 авиони и хеликоптери, ќе маршираат 11.000 војници кои ќе бидат следени од ракети, тенкови и оклопни во

Пронајдете не на следниве мрежи: