Руски „брод на духови“ плута по Атлантикот

Руски крузер остана да плута во Атланскиот океан по неуспешниот обид со реморкери да биде одвлечен од Канада во Доминиканската Република.Бродот со име „Љубов Орлова“ е долг 100 метри, а за кратко време откако реморкерите почнале да го влечат, кабелот пукнал и бродот останал да плута по Атлантикот без контрола.Рускиот брод нема екипаж, нема напојување од никаков вид и моторите не му работата, па освен што изгледа како вистински „брод на духови“, претставува и голема опасност за другите бродови на море, бидејќи нема никаков систем за сигнализација, што би ги предупредил другите бродови дека се наоѓа таму. Проблемот посебно е изразен навечер, бидејќи на бродот не му работи ниту една светилка.Експертите за пловидба сметаат дека рускиот крузер всушност плута, полека но сигурно кон Европа.Компанијата сопственик на бродот соопшти дека преговара со други компании за спасување на бродови, да го лоцираат нивниот брод и да го довлечат во Домениканската Република.
Макфакс
 Руски крузер остана да плута во Атланскиот океан по неуспешниот обид со реморкери да биде одвлечен од Канада во Домини

Пронајдете не на следниве мрежи: