Сахара Индија Груп од своjoт малопрадажen синџир на продавници Кју Маркети (Q Shops) во следните 4 години очекува промет од 2 милијарди евра. Сахара го отвори малопродажниот ланец во август 2012 година, а моментално носат месечни приходи од околу 900. 000 евра.„Во следните 4 години, очекуваме обрт од скоро 2 милијарди евра“, изјави претседателот на Сахара Груп, Субрата Рој.
Моментално компанијата има вкупно 1 057 Кју маркети и планира да ги прошири своите ексклузивни продавници на 30 000 продажни места до 2015 година. Во првата фаза, малопродажните објекти ќе се зголемат до 10 000 до 2014 година.
Производите на Сахара Кју маркетите ќе бидат достапни преку 835 дистрибутери и во 150 000 продавници, информираше тој.
Сахара се обрати на медиумите за време на отворањето на Quality Mobile Shop (QMS), нов дистрибутивен канал на Сахара Q Групацијата, во форма на малопродажни возила. Компанијата пушти 181 QMS низ 5 индиски региони. До март 2014 година, компанијата ќе го зголеми бројот на 500 од овие продавници низ 8 региони.
„Продолжувајќи напред, ќе отвориме наши продажни места и во Бангладеш“, додаде сопственикот.
Сахара Кју маркетите располагаат со 895 производи од 8 категории, вклучувајќи основни производи, лична нега, електрични апарати и останати артикли. Набавува добра од над 150 компании, додека планира да се врзе со компании кои ќе произведуваат нивни лично – брендирани добра.
„За 6-8 месеци, Сахара Групацијата ќе лансира уште неколку нови иницијативи. За еден месец, ќе објавиме огласи за 27 000 лица – персонал за нашите различни оддели. Покрај тоа, во наредните две ипол години, ќе ни бидат потребни уште 250 000 вработени“, велат од компанијата.
Сахара Индија со своите Кју маркети е влезена во Гинисовата книга на рекорди со отворање на 315 продавници во 10 региони во Индија само во еден ден, 1 април 2013 година.„Во следните 4 години, очекуваме обрт од скоро 2 милијарди евра“, изјави претседателот на Сахара Груп, Субрата Рој.
Моментално