Субрата Рој за индиските медиуми изјави дека ќе предадат тапии од друго земјиште вредно адекватно на барањата на СЕБИ, 40 милијарди евра. За претходните предадени тапии СЕБИ тврдеше дека се преценети и побара да направи своја проценка на даденото земјиште.
Наместо да спори со СЕБИ по уште еден основ, односно да ја докажува вредноста на предадените тапии кои треба да бидат гаранција, Сахара Групација одлучи да го реши спорот по брза постапка со предавање на нови тапии од земјиште вредно 40 милијарди евра, пренесуваат медиумите во Индија.
Во последниве неколку месеци правиме искрени напори да се усогласиме со наредбите од Врховниот суд кои се однесуваат на тековната судска постапка со СЕБИ и ги убедуваме нашите депоненти, деловни соработници, клиенти и потрошувачи дека набрзо успешно ќе го надминеме овој предизвик, велат од Сахара Групацијата до информација испратена до индиските медиуми.
На 1 ноември Врховниот суд од Сахара Групација побара во рок од три недели да предаде тапии од земјиште вредно 40 милијарди евра, во спротивно ќе изрече забрана за првиот човек на Групацијата да ја напушти земјата. На 20 ноември Сахара Групацијата ги предаде до СЕБИ бараните документи, на што СЕБИ под сомнеж дека ова земјиште е преценето издејствува активирање на забраната за напуштање на земјата, како и забрана за продажба или купување на имот на две компании од Сахара Групацијата. Со овој чекор на Сахара Групацијата се добива нов развој на настаните.Наместо да спори со СЕБИ по уште еден основ, односно да ја докажува вредноста на предадените тапии кои треба да бидат гаранција, Сахара Групација о
Пронајдете не на следниве мрежи: