Луѓето често се жалат на скапите сметки за електрична енергија и фактот дека скоро „никогаш немаат време за вежбање“. Верувале или не, овој изум е решение за овие проблеми!И што е најважно, овој изум има потенцијал да спаси 1.3 милијарди луѓе коишто во моментов живеат без електрична енергија и во сиромаштија.
Маноџ Баргава го измисли Бесплатниот електричен хибриден велосипед, со кој е можно да се генерира електрична енергија во домашни услови и тоа благодарение на дневна рутина за вежбање.
Кога дадено лице ги врти педалите на велосипедот, се покренува тркалото кое подоцна се претвора во генератор и полни акумулатор. Ова значи дека само со едночасовно вртење на педалите, рурално домаќинство може да биде снабдено со електрична енергија за 24 часа.
Индискиот милијардер и неговиот тим го развиле велосипедот да ја искористи механичката енергија креирана од луѓето за да се реши еден од најголемите проблеми на човештвото.
„Сѐ си бара енергија. Енергијата е движечка сила“, вели Баргава, додавајќи дека половина од светската популација нема пристап до електрична енергија, ниту пак пристап до електрична енергија по два-три часа дневно.
Пристапот до електрична енергија не само што ќе овозможи подобри животни услови за луѓето, туку и ќе ги осветли домовите на луѓето и ќе ги поврзе до интернет, а со самото тоа и со можноста за едукација. Баргава вели дека многу луѓе остануваат сиромашни поради недостатокот на електрична енергија и затоа тој се стреми да ја исправи оваа ситуација со велосипедот за производство на бесплатна енергија.
Еден ваков велосипед би можел потенцијално да обезбеди електрична енергија за секоја куќа од едно село, само ако секое домаќинство троши барем еден час дневно во вртење на педалите.
Во поразвиените нации, велосипедот би можел да се користи за да се намалат трошоците за електрична енергија и да се победи кризата со дебелеењето.
Планот на Маноџ е да дистрибуира 10.000 вакви велосипеди во Индија наредната година. Како додаток на сето тоа, тој изјавил дека ќе донира 90% од неговото богатство за добротворна работа и истражувања.И што е најважно, овој изум има потенцијал да спаси 1.3 милијарди луѓе коишто во моментов живеат без електрична енергија и во сиромаштија.



