САЊА САВЕСКА: Дамата тешко се добива со пари!

Успешна, ведра и позитивна личност. Нејзината насмевка ни ги топли срцата пред малите екрани. На наше огромно задоволство, ви ја претставуваме Сања Савеска, водителката на добро препознатливата емисија „Работна сабота“, која се емитува секоја сабота во 14:30 часот на програмата на 24Вести. Што таа има да каже за модната сцена во Скопје, ви откриваме во продолжение.Успешна, ведра и позитивна личност. Нејзината насмевка ни ги топли срцата пред малите екрани. На наше огромно задоволство, ви ја претставуваме Сања Савеска, водителката на добро препознатливата емисија „Работна сабота“, која се емитува секоја сабота во 14:30 часот на програмата на 24Вести. Што таа има да каже за модната сцена во Скопје, ви откриваме во продолжение.
 
Н.С.: Како ја дефинираш дамата?
С.С.: Според мене, дама е многу тежок збор. Денес ретко може некоја во целост да биде дама, а пред се тоа е едно домашно воспитување, кое се носи од дома. Дама подразбира многу. Тоа се став, вкус и разговор. Дама е жена која што има многу прочитано и која знае да комуницира.
Н.С.: Претпоставувам, го имате гледано филмот „Pretty woman“. Таму е прикажана девојка, претежно „улична девојка“ која преминува во изглед на дама. Дали со тоа луѓето често ја дефинираат дамата, или гледаме на манирите, начинот на кој јаде, говори итн.?
С.С.: Не може само начинот на говорење и начинот на јадење да дефинира една дама. Дама е жена што има големо знаење, со која можеш да разговараш за се`, а многу е лесно да научиш да јадеш, да одбереш гардероба и да купиш во денешно време, за тоа требаат само пари. Меѓутоа, дамата тешко се добива со пари, доколку тоа некој го нема од внатре.

Н.С.: Дали себеси се сметаш за дама?
С.С.: Доколку повеќе би се потрудила, сигурно би можела да бидам дама. Знам да се однесувам како треба, меѓутоа постојат моменти кога може да ја видат и така малку како подивата страна од мене, односно сметам дека дама не би требало да навива жестоко на стадиони и натпревари, а јас тоа го правам. Тоа ме нервира многу, ама ете тоа е карактер. Сепак, знам да бидам дама.  
Н.С.: Дали Сања Савеска забележала дама во Скопје?
С.С.: Јас сум забележала жени кои навистина восхитуваат со нивното однесување и со нивната појава. Пред се` тоа се малку повозрасни жени, тоа е стара школа, но за жал младите денес ми се чини дека многу повеќе внимание посветуваат на надворешниот изглед и нивната убавина, што денес ја има многу на цена. Тие го забораваат тој момент дека може да се случи да ти падне саксија на глава и да ти отиде убавината преку ноќ. Потоа што правиме, ако нема ништо друго освен „фасадата“?

Н.С.: Покрај дамите, постојат ли џентлмени?
С.С.: Да. Џентлмени има, меѓутоа за да има џентлмен мора да има и дама. Има момци кои знаат навистина како треба да се однесуваат и иако ќе кажат дека е многу тешко денес да се најдат џентлмени, сепак, јас сметам дека за еден дечко да биде џентлемен, треба некој тоа од другата страна да му го дозволи. Не можеш да бидеш џентлмен, ако девојките од спротивно бараат нешто поинакво и различно. За џентлмен не треба да се има многу финансии и моќ, сепак, тоа се гестови и манири кои се учат, воодушевуваат и не купуваат со буквално ништо.
Н.С.: Кој е советот кој би им го дала на младите генерации, кои треба да го променат кај себе за да ја покажат младината во поинакво светло?
С.С.: Колку што е лесно, толку е тешко да се даде совет, а уште потешко да се прими, доколку тоа целата генерација не го сфати како потреба. Јас би ја ставила пред се`, вербалната комуникација. Сметам дека младите тоа го имаат изгубено, односно се живее затворено во некој виртуелен свет кој ни го наметна социјалната мрежа. Би требало малку повеќе да ја имаат таа храброст и да ги остават телефоните, таблетите и интернетот. Сакам да се врати тоа време, можеби звучи излитено, меѓутоа сакам кога ќе видам луѓе седнати на маса, а никој да не користи мобилен. Кога ќе го видам тоа, на една маса во некое кафуле, тогаш ќе речам дека младиве се вратија во форма и знаат што е вистинската убавина на животот. За жал, бргу поминуваат моментите, додека ние гледаме во телефоните и сметам дека еден тоа многу ќе им недоставува. Исто и тоа дека не треба да се снимаат концерти, ниту претстави, затоа што умот тоа надобро го снима.

Н.С.: Модните дизајнери велат дека оваа зима е актуелна зелената боја. Колку ги следиш трендовите и ги применуваш во својот стил?
С.С.: Не ги следам слепо трендовите. Само сакам да изгледам убаво во тоа што ќе го облечам. Можеби минатата зима била актуелна виолетовата боја, сега е зелената. Меѓутоа, ако јас се чувствувам убаво додека ја носам таа боја, ќе ја носам и не затоа што е актуелна. Не сакам да се вклопувам во толпата, не сакам да бидам униформирана, едноставно сакам сама да си го изградам стилот и карактерот. Јас сум човек што никогаш не пател од тоа да се биде во тренд само затоа што така се наметнува. Ако јас се чувствувам убаво во она што е тренд, ќе го носам, нема да негирам, ама ако во случај сите тоа да го носат, па и јас да морам да го носам, не сакам.
Н.С.: Ќе цитирам една изјава од Коко Шанел. Еве што вели таа, „Се додека знаеме дека мажите се како деца, знаеме се!“ Што можеш да искоментираш на ова?
С.С.: Точно така. Мажите се деца, кои ние всушност жените и ги сакаме. Знаат да бидат такви, знаат да побараат нежност, љубов и внимание, а од друга страна, доколку е надополнето со моменти, кога тој знае дека жената е во вистински раце и е заштитена. Јас не го убивам детето во мажите, ниту во жените, затоа што јас сум едно големо дете и мислам дека никогаш нема да пораснам, како и дека доколку тоа дете во мене порасне, јас ќе бидам најнесреќната личност на целиот свет. Затоа сакам кога и мажот знае да биде дете и кога знае да се радува на се, бидејќи само децата знаат најискрено да се радуваат на мали работи.

Н.С.: Сигурно си го гледала серијалот „Сексот и градот“ и кога веќе ги знаеш сите улоги, а и повторно ќе ти ги наведам: Кери, Саманта, Шарлот и Миранда, која секоја од нив има свои карактеристики и стил на облекување. Во која најмногу се пронаоѓаш?
С.С.: Веројатно Шарлот. Таа ми беше мој тип на девојка. Сите велеа дека била најсмотана, меѓутоа јас сум многу емотивна, приврзана за сите и сакам тука да им помагам. Иако во секоја жена постои по еден дел, сегмент од сите нив четири. Не можам да кажам дека немам карактеристики од сите нив.
Н.С.: И за крај, што би им препораала на читателите на Пулс24, доколку сакаат да изгледаат како дами?
С.С.:  Треба да внимаваат да носат тоа што им одговара и во тоа што тие се чувствуваат најубаво. По никоја цена од дома да не излегуваат во нешто, што е наметнато од страна на модата и трендовите, а ним не им прилега. Нека не изгледаат смешно, само затоа што тоа е модерно. Да изгледаат убаво, нека имаат насмевка, а не да бидат смешни.
 
Интервјуто го подготви: Николина Славковска
Фризура: Милена Цапов (Urban Artist)
Шминка: Небојша Пешевски
Облека: Carpisa boutiques Bitola (во чии рамки работи и модното студио Карпис)
Фотографии: Николина Славковска
 
 
За повеќе фотографии следете не ` на Фејсбук: Fashion in Skopje, како и на Инстаграм профилот: @fashioninskopjeУспешна, ведра и позитивна личност. Нејзината насмевка ни ги топли срцата пред малите екрани. На наше огромно задоволство, ви ја претставувам

Пронајдете не на следниве мрежи: