Сара Џесика Паркер дебитирала со дизајнирање на чевли во соработка со Маноло Блахник. Ниедна штикла не е превисока за јунакињата од серијата „Сексот и градот“ и зависничка од чевли, Кери Бредшо. Но во вистинскиот живот, Сара Џесика Паркер одлучила да осмисли колекција на чевли кои ќе бидат попрактични.
„Овие штикли се високи, но не се чувствувате како да сте на потпетици“. Изјавила 48 – годишната актерка за О магазинот, додавајќи: „не постои ништо секси во што не можете да одите“.
СЏП (SJP) линијата на чевли е многу попристапна од оние кои прочуената Кери ги носеше на снимањата, а цената им се движи од 195 па се до 485 долари.
На мајката на три деца, која е во брак со Метју Бродерик од 1997 година, изгледа дека и било важно да направи чевли со разумна цена.
Сара наведува дека тоа се тешко заработени долари, затоа се трудела на жените да им го пружи најдоброто за нивните пари.
Во серијата „Сексот и градот“ Кери е позната по својата страст за чевли, посебно од креаторот Маноло Блахник, кој за госпоѓата Паркер вели дека е совршен кандидат за соработка.
Се одлучиле за производство во Италија, а чевлите на американскиот пазар ќе се најдат веќе на почетокот на март. Ниедна штикла не е превисока за јунакињата од серијата „Сексот и градот“ и зависничка од чевли, Кери Бредшо. Но во вистинскиот живот, С