„Шарените револуционери“ со нова тезга: Протестираат во Нови Сад

Дел од учесниците на шарената револуција во Скопје деновиве имаат нова „тезга“ – се приклучија на протестите на граѓаните на Нови Сад, кои со денови протестираат против смената на уредниците во Радио-телевизија Војводина. Веста вчера ја објави и српската агенција Бета, која се смета за дел од кампусот финансиран од странство со задача да го урива српскиот премиер Александар Вучиќ„Протестот го поддржаа претставници на иницијативата ’Не давимо Београд‘, шарената  револуција од Македонија, студентите по новинарство од Нови Сад и многу невладини организации и поединци. Откако се собрале пред зградата на РТВ колоната од граѓани прошетала до седиштето на Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија, каде што свиркале и викале ’Оставки!‘ и ‘Не го даваме РТВ‘. Потоа граѓаните прошетале по пешачката зона низ центарот на Нови Сад и со настап на ангажираниот хор Хороркестар пееле неколку антифашистички песни“, стои во веста на агенцијата Бета.
Фоторепортерот на оваа агенција, Драган Гојиќ, јавно на својата страница објавил фотографија од пријател од Скопје, кој дошол на протестите во Нови Сад, и тоа со маичка со слоган СЈО. Но на социјалните мрежи беа објавувани и селфи фотографии на Македонци што учествуваа во шарената револуција, а сега се во Нови Сад.
Во Скопје с`уште не стивнуваат реакциите по објавувањето на податокот дека Срби ја координираат и учествуваат во протестите на шарената револуција низ македонскиот главен град, каде што можеше да се чуе и: „Ајмо сада, узми пиштаљке!“.
Луѓето што протестирале во Нови Сад против уредничките смени во РТВ носеле на почетокот на колоната голем транспарент на кој пишувало „Оставки – поддржете ја РТВ”, а носеле и маици со написи  „Не ја даваме РТВ”, „Поддржи ја РТВ” и „Удав медија”.
Имало и транспаренти на кои пишувало „Имаш Пинк, врати ја РТВ”.
Засега никој не знае зошто Македонци од шарената револуција поддржуваат вакви настани во соседните земји, но според дел од српските медиуми, станува збор за тоа што и нашата шарена револуција и српската имаат спонзори.
Протестите во Нови Сад траат веќе извесно време, а почнаа поради смени во РТ Војводина.
Во Белград паралелно се одржуваат протести поради некои проекти на актуелната власт на Вучиќ како „Белград на вода“, но и поради настаните при рушење дивоградби во белградската Савамало.
Паралелно со ова, пред неколку дена, дневниот весник „Информер“, чиј главен уредник се смета за близок со српскиот премиер, драматично објави дека амбасадорите на ЕУ и САД Мајкл Девенпорт и Kајл Скот лично учествуваат во обидот да создадат хаос во Србија и да ја дестабилизираат власта на Вучиќ.
Во текстот стои дека Девенпорт и Скот имаат план преку радикализација на протестот „Не да (ви)мо Београд“ и „Поддржи РТВ“, да го урнат премиерот и пред тој да успее да формира нова влада.
– „Информер“ има цврсти докази дека амбасадорите координираат, организираат и финансираат протести, кои, по нивниот план, во следните неколку недели треба да прерасне во насилни демонстрации и вовед во шарената  револуција по сценариото од Македонија!  Сево ова го организираат амбасадорите Мајкл Девенпорт и Kајл Скот – велат во „Информер“.„Информер“ посочил дека луѓето што организираат протести како поддршка на РТВ, всушност, се странски платеници.Дека има активисти од шарената револуција потврдува и новинската агенција Бета.„Протестот го поддржаа претставници на иницијативата ’Не давимо Београд‘, шарената  револуција од Македонија, студентите по

Пронајдете не на следниве мрежи: