Сателитите ги открија тајните воени бази на САД низ светот

Сателитите ги „открија“ тајните воени бази што САД ги има ширум светот. Овие бази не можеа да бидат видени на програмите за сателитски преглед на Земјата достапни за граѓаните. Еве некои од нив.High Frequency Active Auroral Research Program, или HAARP, се наоѓа во Гакона, во американската држава Аљаска. Базата била користена за анализа на јоносферата и засилување на радио комуникациите и надзорот.

Dugway Proving Ground во Тоеле, Јута е воена база на САД за тестирање на биолошки и хемиски оружја. Во 1968 година, над 6000 овци од околните ранчови угинале како резултат на биолошко или хемиско соединение што било ослободено од базата.

Atlantic Undersea Test and Evaluation Center (AUTEC) во Андрос на Бахамите е подводна лабораторија изградена за тестирање и подобрување на оружја и технологија за разузнавање за морнарицата на САД.

Naval Communication Station Holt во Ексмут, Австралија содржи станица што овозможува преноси на многу ниски радио фреквенции до бродовите и подморниците на морнарицата на САД. Ова е најмоќната станица за пренос на радиосигнали на јужната полутопка.

Yucca Lake Airfield, на езерото Јука во Невада. Се верува дека компанијата за технологија во областа на безбедноста Lockheed Martin овде ги тестирала своите беспилотни летала.

Hawthorne Army Depot во Хавторн, Невада е база од 364 квадратни километри што служи како магацин за муниција за војската на САД.
High Frequency Active Auroral Research Program, или HAARP, се наоѓа во Гакона, во американската држава Аљаска. Ба

Пронајдете не на следниве мрежи: