Сцена како од филм: Младоженец побегнал од сопствната венчавка

В.Л и Б.Б од Апатин,Србија, на своите гости им приредиле сцена која потсетува на сцена од филм. В.Л пред сала полна гости и матичарот соопштил дека се откажува од венчавката со вереницата Б.Б и ја напуштил салата без објаснување.Гостите велат дека останале во шок кога младоженецот го зел микрофонот и соопштил дека нема да има венчавка.
„Ги очекувавме малденците заедно со матичарот. Кога чекањето се одолжи толку што маричарот мораше да замине на друга венчвка, се загриживме. Со извинување, само ни соопшти дека нема да има венчавка“, рекол еден од сведоците. По соопштението на младоженецот, музичарите си отишле. Истото го сториле и родителите на невестата и гостите, додека родителите на младоженецот во шок ги набљудувале случувањата, а подоцна и тие си заминале.

„Родителите на В.Л се скромни и чесни луѓе кои со месеци ја подготвуваа свадбата и живееа за денот кога нивниот син ќе се ожени. Не знам како ќе го пребрдат ова, очајни се. Покрај сето тоа, следниот ден мораа да ги платат сметките и да ја однесат храната и пијалокот за над 200 луѓе и да ги вратат подароците“, раскажува гостинот.
Пријателите на младоженецот велат дека не наговестувал дека ќе се откаже. Сепак, на самиот влез во салата, седнал во автомобилот и заминал. Кога се вратил, ја соопштил одлуката.
 Гостите велат дека останале во шок кога младоженецот го зел микрофонот и соопштил дека нема да има венчавка.
„Ги очекувавме малденцит

Пронајдете не на следниве мрежи: