СДСМ е македонски Билдерберг – сака моќ без избори

Loading...

Како што денес цел свет ја чита како буквар американската политика, која се обидува да го одбрани системот на своја доминација со светот и одбива да се соочи со процесите на редистрибуција на капиталот, односно моќта, така и елитите на локално ниво што се учени и воспитувани на тој рецепт за владеење не сакаат да разберат дека се почитани. Дејството на бебешка памет во државната политика
Се сеќавате на Хелмут Кол, германскиот канцелар што во една пригода ја опиша Америка како џин со бебешка памет? На таа слика ми текна кога опозицијата во Конгресот реши да го блокира донесувањето на буџетот за да спречи да стапи во сила здравствениот закон на Обама, а со што предизвика распуштање на државните институции. Оваа вест во светот беше примена со задршка. Вашингтон загуби доста од својот кредибилитет во светски рамки поради склоноста кон фингерајки, па извесно време сите исчекуваа да видат дали се работи за внатрешен проблем, „ладна проба“ за воведување вонредна состојба во земјата или за казнена операција кон остатокот на светот (Кина и Русија), кој повеќе не ја прифаќа посебноста на САД како планетарна судбина. Што и да е, разумен свет и одговорни лидери не седат со скрстени раце, препуштајќи ги работите на бебешката креативност, исчекувајќи го фамозниот 17 октомври.
И ние во Македонија имаме главоболки со дејството на бебешка памет во државната политика. Примерот со САД само ни помогна на неочекуван начин да ја осветлиме стратегијата на СДСМ, која во политичката борба честопати ни изгледаше далеку од умот, нелогична и напати необјасниво глупава и над сѐ контрапродуктивна за самата партија. Ова време лани почнаа настаните што доведоа до 24 декември, фамозниот црн понеделник – круна на антибуџетската „револуција“ на СДСМ. Ако досега некому не му изгледаше веројатно, сега и оние што тешко учат можат да дознаат што значи самоукинување на државата поради неносење буџет. Ќе навалеше народ останат без пари за живот на улици како во Албанија во 1997 година и ќе ги разградеше институциите тула по тула – сѐ до темелот. Па се разбира дека војската ќе стапеше на сцена за да воспостави ред. Тоа се нарекува воен удар. СДСМ лани не успеа во намерата, како ни во 2011 година, кога слична фингерајка сакаше да изведе со помош на Велија Рамковски и А1, на 25 ноември.

БУЏЕТОТ КАКО ПОВОД ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА
Но еве сме сега на прагот на носењето на буџетот во 2014 година. Во СДСМ наводно има ново раководство, кое е ангажирано во пишување своја нова политичка програма. И, според холивудската процедура, по која секој нов филм од А-продукција пропагандно се најавува со „трејлер“ што треба да ја заскокотка потенцијалната публика, СДСМ го пушта Зоран Заев со идејата за враќање на ДДВ на сите граѓани од денот кога ДДВ е воведено. Тоа се прави „случајно“ во време кога во Собранието е во тек расправата за буџетот.
Брзата реакција на Владата и фактот што „идејата“ на лидерот Заев речиси во истиот момент ја искоментира како луда, сериозниот вицепремиер за економски прашања Владо Пешевски, кој во јавноста ужива углед на политичар со интегритет во секоја смисла на зборот, говори за континуитетот на политичката активност на врвот на СДСМ, а таа е подривање на државата и доаѓање на власт преку нејзина дестабилизација и девастација. Никако преку избори.
Ако ова беше македонска верзија на „ладна проба“ за да се испита пулсот на државата, населението, медиумите и на странските центри на моќ, креативците од оваа партија мора да биле непријатно изненадени. Од блокбастерот и овој пат нема ништо. Институциите работат 24/7.
Но новото раководство на СДСМ не се откажува од својата примарна цел. Есенва тргна во отворена поддршка на грчката позиција во однос на Македонија. Првпат отворено оваа држава преку владата на Самарас и Златна зора призна дека крајна цел ѝ е менување на идентитетот на македонскиот народ, што е првокласен доказ за фашизам во изворна форма, а Радмила Шеќеринска реши да општи со таквата политика без никаква задршка, соопштувајќи му на Самарас дека таа и СДСМ ќе му бидат сојузници-подизведувачи. Ова однапред го обезвредни говорот на Игор Ивановски во Советот на Европа, кој може да се смета само како обид да се смири членството на оваа партија, кое уште не сака да поверува дека водството го манипулира. Дури и кога на Шеќеринска во заедничка акција ѝ се придружија Денко Малевски, кој предложи Македонците својата историја да ја почнат од 19 век, кој го оцени како најблагопријатен за нив, и од тој век да го црпат својот нов идентитет, и Љубомир Фрчкоски, кој сугерираше дека Македонија ќе биде преименувана во „Горна Македонија“ за севкупна употреба.

ПОСЕБНОСТА ГИ „ТЕПА“ НА ИЗБОРИ
Бесмислено е денес кому било да му се објаснува што значи подривање на државата, нејзините темели, нејзината суштина ако на вакви очебијни примери им се приоѓа како на нормална опозициска дејственост загарантирана со Уставот.
Кога на СДСМ не му оди со „будењето на масите“ и други керефеки, тргнува во одбрана на криминалот. Секој гангстер, дилер, убиец може да најде политичка заштита во врвот на оваа партија. И последниот случај со „Машинопромет“ покажува дека новото раководство на новиот СДСМ ги задржал старите навики – да не признава судство, државни институции и закони донесени во Собранието. Како основоположници на партиската држава и наследници на еднопартискиот систем на владеење, тие никогаш не прифатија плурализам, демократија, пазар и натпревар со утврдени правила. Себеси одамна, уште пред Американците, се прогласија за посебни, а како такви си доделија „вродено право секогаш да бидат власт и општествен арбитар“.
Долг е списокот на поведени постапки што од фазата на дејство на МВР, во предистражна, истражна постапка се оспорени од овој субјект и оценети како политички монтировки. Паралелно со резолутната оценка, следува и традиционална туристичка обиколка на одредени амбасади во Скопје, каде што се бара странска интервенција. Оваа практика е воведена во 1996 година, кога Љубомир Фрчкоски, Емилија Симовска и Ѓунер Исмаил беа испудени од владата на Црвенковски. Причините никој не ги знае до денешен ден, но реконструираните министри отидоа да фаќаат протекција кај американскиот амбасадор. Кристофер Хил беше првиот амбасадор што отворено се замеша во кадровската политика на Македонија барајќи од премиерот да си ја смени одлуката. Оттогаш практиката ескалира дотаму што одредени амбасадори почнаа да се занесуваат дека се гувернери во колонија. Интересно е дека токму оние што божем гласно заговараат функционална правна држава и членство во ЕУ сега и веднаш, во практика, со многу примери, докажуваат дека не сакаат силна правна држава. Односно, не сакаат Македонија да биде повеќе од парадржава со кулиси наместо функционални институции.
РЕДИСТРИБУЦИЈА НА МОЌТА И НА КАПИТАЛОТ
Е, сега доаѓаме до клучот за дешифрирање на ваквата стандардна политика на СДСМ. Зошто некој би водел толку упорно политика што на долги патеки сигурно завршува како самоуништување? Причината е само една. И неа не сакајќи ни ја призна Бранко Црвенковски во едно интервју со Роберт Поповски, сегашен директор на Центарот за комуникации на СДСМ, а некогашен професионален новинар и претседател на ЗНМ.
Рече: „Не смееме да дозволиме оваа власт да изврши редистрибуција на капиталот“. Што суштински значи трансферирање на моќта. Значи, лудата и контрапродуктивна политика на СДСМ, која оваа партија ја плаќа со тешки изборни порази и јавна бламажа, нема никаква лева или левоцентристичка идеологија ама има многу промислена и рационална интересовна основа. Го брани системот што го изградила тајно, манипулирајќи и со членството и со народот. Тој систем се состои од кулиси наместо институции. Фингирана држава во која народот е збир од статисти што и не знаат оти се во филм, а продуцентите и режисерот со својата филмска екипа надвор од сцената снимаат ли снимаат.
Сѐ одеше според замислите до 2006 година. Во 2007 година пукна тиквата. Победникот на тие избори, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој, по нивно заедничко признание, го договориле Црвенковски и Георгиевски како совршена кукла, заедничка марионетка, ги изневери. Нив ги изневери, а многумина од нас изненади. Првичната неверица етапно ја замени пријатно изненадување, кое по секој изборен циклус прераснуваше во отворена доверба. Увидувајќи ја опасноста по нивниот систем, уште веднаш почнаа со акциите за негов пад. Знаеја дека времето не им е сојузник. Надвор од најтесниот круг на нашата „билдерберг“-група сигурно никој не ни помислуваше која е причината што постојано одиме на предвремени избори, зошто ниту една реформа не беше поддржана само од елитниот круг на оваа партија иако народот ги одобруваше, зошто само одреден круг на луѓе им наоѓаше маани на политички одлуки и потези што секој нормален би ги поздравил и, конечно, зошто истите тие толку упорно се трудат да ја окарактеризираат државата како фашистичко-сталинистичка диктатура за да предизвикаат странска воена и политичка интервенција.
Големото злосторство на Груевски и неговиот владин тим е токму тоа: успешно, и покрај сите пречки, внатрешни и надворешни притисоци, тивко, по заобиколен пат, практично изврши редистрибуција на капиталот, а со тоа и на моќта што за себе си ја дизајнирала врхушката што во претходната фаза изврши приватизација на општествениот имот, пљачката, низ закони донесени без опозиција, формалноправно ја легализира и во неа требаше да ужива доживотно со укинувањето на континуитетот на државата Република Македонија и Македонците.

ФАРСИЧНА РЕСТАВРАЦИЈА
Денес земјата е променета до непрепознавање. Едно по едно се разбиени јадрата што институционално ја кочеа преобразбата на земјата во функционална и одржлива држава. Како што државата (институциите) јакне, така растат хистеричните облици на политичко дејствување, кои за неупатените изгледаат необјасниво и нелогично. Но присетете се само на секвенците од собраниските дискусии, јавно упатените навреди кон избирачите, отвореното непријателство кон државата, сојузувањето со грчките фашистички изблици, барањето воена интервенција од Западот, исмевањето и негирањето на политиките што обезбедуваат стабилност, поголема сигурност и мирна иднина на државата, поддршката на политиката на сила, слуганството кон странски центри на моќ, необичните партнерства и сојузи и коалиции што немаат никаква идеолошка блискост и ставете ги во контекст на редистрибуцијата на моќта, па сѐ ќе ви биде јасно ко солза.
Како што денес цел свет ја чита како буквар американската политика, која се обидува да го одбрани системот на своја доминација со светот и одбива да се соочи со процесите на редистрибуција на капиталот, односно моќта, така и елитите на локално ниво што се учени и воспитувани на тој рецепт за владеење не сакаат да разберат дека се почитани. Историјата учи дека не постојат реверзибилни процеси. И кога ги имало, не траеле многу или не биле успешни. Оттаму и она за историјата (минатото) што се повторува како фарса. Сегашните обиди да се инсталираат неофашизмот, неоколонијализмот и неосталинизмот се вознемирувачки тенденции ама во никој случај не завршуваат како успешна реставрација. Колку што разбрав од говорот и на Груевски во ООН есенва, тоа беше и пораката од Македонија до светот и до сите во земјава. Дали и партиските челници во СДСМ го разбрале ќе видиме многу брзо – до крајот на годинава, доколку таму настапат целосни кадровски промени и кога партијата ќе го изгради својот политички идентитет.
Извор. Нова МакедонијаДејството на бебешка памет во државната политика
Се сеќавате на Хелмут Кол, германскиот канцелар што во една пригода ја оп

loading...
Loading...