СДСМ и НСДП знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ ја има власта никој освен македонскиот народ нема да одлучува за иднината на земјата

Реакција на соопштението на НСДП. 
Тито Петковски и Зоран Заев многу добро знаат дека се додека постои ВМРО-ДПМНЕ граѓаните може да бидат сигурни дека нема да се витка кичмата и нема да се тргува со македонските национални интереси.
СДСМ и НСДП знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ ја има власта никој освен македонскиот народ нема да одлучува за иднината на земјата.
СДСМ и НСДП знаат дека тоа е причината за огромната поддршка која што македонскиот народ му ја дава на ВМРО-ДПМНЕ 10 години наназад и покрај сите деструктивни сценарија и манипулации со кои сакаа да го збунат народот.
Но народот одамна ги прочита и СДСМ и приврзоците како Тито Петковски и НСДП.
СДСМ е преплашен од доаѓањето на изборите бидејќи и Заев и Петковски се свесни дека ги очекува најголемиот пораз досега и најголемата казна од граѓаните на Република Македонија. Затоа СДСМ сега се затскрива зад НСДП и предлага на ВМРО-ДПМНЕ да и се забрани учество на изборите.
СДСМ знае дека единствениот начин да дојде на власт е само ако ја узурпира и забрани слободната волја на македонскиот народ.
Многу патриоти и херои ги жртвуваа своите животи за македонскиот народ да добие своја држава во која што сам ќе одлучува за сопствената иднина.
Затоа македонскиот народ нема да дозволи ниту Зоран Заев, ниту Тито Петковски да ја укинат државата и да ги спречат граѓаните да одлучуваат за сопствената иднина.
Казната за ваквите перфидни фантазии на Заев и Петковски ќе биде испорачана на 5 јуни.
  
Тито Петковски и Зоран Заев многу добро знаат дека се додека постои ВМРО-ДПМНЕ граѓаните може да бидат сигурни дека нема да се

Пронајдете не на следниве мрежи: