СДСМ и Талат Џафери ја оневозможуваат демократијата во Собранието

Талат Џафери кој со поддршка на СДСМ го узурпира претседателското место во Собранието сега врши вистински терор во законодавниот дом и за само два месеца Џафери има повикано обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во изминатите 26 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Во Собранието на Република Македонија кое е сржта на парламентарната демократија тие сакаат да спроведуваат диктатура, да одлучуваат кој и кога ќе зборува од собраниската говорница и свесно да не го почитуваат Деловникот за работа, а кој ќе се повика на правилникот да го отстранат од собраниската сала. Со насилни интервенции на обезбедувањето, СДС и Џафери ја оневозможуваат дебатата и сакаат да ги спречат демократските права и процеси токму во местото кое е срцето на демократијата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на вчерашното барање на собранискиот спикер собраниското обезбедување да го отстрани од говорницата Антонио Милошоски, пратеник од оваа партија кому не му беше дозволено од Џаери да даде процедурална забелешка.
Поради тоа, од ВРМО-ДПМНЕ обвинуват дека „преку скандали, терор и кршење на Изборниот законик“, СДСМ сакаат да избегнат дебата за клучните политички теми во моментов во Македонија како што се неуставниот закон за јазици, националната стратегија за населување на мигранти и договорот кој го оценуваат како многу штетен а кој премиерот Зоран Заев го склучи со Република Бугарија со кој се откажаа од многу позиции коишто многу значат за зачувување на државниот и националниот интерес.
-СДС и Талат Џафери сакаат да избегаат од темите кои вистински ги обременуваат граѓаните, и се обидуваат да ги блокираат дискусиите за струшката депонија и за пожарите. Со ваквиот начин преку гушење на работата на Собранието СДС не сака да се дебатира, не сака да прифати друго мислење ниту да прифати критика за многуте погрешни политики кои ги направи за краток период, како и неспособноста за водење на држава и негрижата за граѓаните на Република Македонија, се наведува во реакцијата.
Со ваквиот начин на работа, додаваат од најголемата пратеничка група во парламентот, СДСМ гази врз волјата на мнозинството граѓани (454.000) кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, и истовремено порачуваат дека поради ваквата „неодговорност и неспособност“ владејачката партија ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.-Во Собранието на Република Македонија кое е сржта на парламентарната демократија тие сакаат да спроведуваат диктатура, да одлучуваат кој и кога ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: