Пред секои избори после 2006-та година, особено парламентарни, најголемата опозициска партија СДСМ оди со истата тактика дека ќе има девалвација. СДСМ и нејзините медиумски мегафони сега ја проширија ваквата шпекулативна теза и со тоа дека се несигурни штедните влогови.Наспроти ваквите инструирани шпекулации, гувернерот на народната банка Димитар Богов вели дека нема простор за загриженост и дека парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки. Богов вели дека во последно време се шират оркестрирани шпекулации чија цел е да се создаде притисок врз банкарскиот систем, но економските фундаменти во земјава се здрави и сите параметри покажуваат дека не може да дојде до валутна криза односно до девалвација на денарот.
-Обично кога некоја валута се наоѓа под закана, во земјата има платно – билансна криза. Во Република Макеоднија во последните два месеци имаме вишок во платниот биланс, а во последните пет години имаме исклучително низок дефицит кој е помал од 2% од БДП и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инветсиции. Така што целосно се неосновни овие шпелукации, единствено што придизвикуваат е психоза која има за цел создавање на поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизра ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите еконсми чионители и таа ќе биде повисока, вели гувернерот Богов.
Заради шпелукациите деновиве има повлекување на помали депозити од банките . Слично било и лани по кумановските настани, но ситауцијата била брзо стабилизирана, а најмногу загубиле граѓаните кои повлекувајќи си ги орочените пари ја изгубиле каматата. НБРМ деновиве регистрира и зголемена побарувачка на евра, но девизниот пазар е стабилен.
-Има зголемена побарувачка за девизи, но девизи има доволно на пазарот. Менувачниците шпекулираат. Секој кој чувствува загриженост ноже слободно во било која банка и без ограничување да си купи девизи колку сака, вели Богов за СИТЕЛ.
Наводната девалвација на денарот изминативе години постојано беше една од предизборните манипулации на СДСМ. Најголемата опозициска партија преку своите таканаречени економски експерти постојано најавува девалвација на денарот, а во меѓувреме националната валута е стабилна. Слично вакво сценарио СДСМ и нејзините медиуми заговараа во 2012 година, кога на опозициските портали излегоа голем број написи за девалвација на националната валута.
-Не е прв пат СДСМ на ваков подол начин да ги плаши граѓаните со девалвација на денарот, злоупотребувајќи ги за тоа медиумите блиски до нив. Ќе потсетиме дека пред две години, како што тогаш пренесоа одредени медиуми Зоран Јовановски заговараше девалвација. Тоа не се оствари. Повторувањето на ова сценарио и заговарањето на девалвација преставува врв на неодговорното однесување, реагираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.
Универзитетскиот професот Томе Неновски смета дека со интервенција на НБМ сите обиди за такво нешто може да бидат спречени и потсетува и на други примери од минатото.
-Сетете се на 2009-та година кога беа претседателските избори, ние имавме еден силен удар на девизниот пазар, мислам беа преку 300 милиони евра купени во неколку дена со силен притисок врз стабилноста на девизниот курс на денарот со намера тој да девалвира, меѓутоа со интервенции на централната банка тоа се санираше. Има некои некакви интереси, би рекол подмолни, за да се наруши таа стабилност. Еве и сега ни се случува и со дезинформации во однос на кредитните аранжмани на Република Македонија со Светска банка, нешто што е нормално, што се случува во минатото во континуитет. Да се вратиме наназад уште во 90-тите години кога еве и јас бев активен учесник во преговорите со светските финансиски организации, најчесто се велеше кога ќе дојде време на избори треба да се воздржиме да не зафаќаме нечија страна, истото со светска банка овој случај, вели Неноски.Наспроти ваквите инструирани шпекулации, гувернерот на народната банка Димитар Богов вели дека нема простор за загриженост и дека парите на граѓани