СДСМ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА НАБАВКА НА ОРУЖЈЕ ЗА АРМ, ПРАТЕНИКОТ ИЛИЈА ДИМОВСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ

Почитувани колеги, да не си играме играчки со вакви работи, не живејте во фиктивниот свет, потребна е поддршка токму од СДСМ за овој закон, заради тоа што во овие две три години сите наши соседи и од поблиското и од поширокото соседство набавуваат огромна количина на оружје. Република Македонија се соочува со безбедносна криза која што претставува најголем безбедносен ризик од 2001 година наваму, им се обрати Димовски на пратениците од СДСМ.Дозволете ми заради јавноста да појаснам за каков закон денеска дискутираме. Денеска на дневен ред го имаме Законот за одбрана кој што е системски закон, кој што се гласа со двотретинско мнозинство, што значи за да помине потребна е широка поддршка во Собранието, изјави денес Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на седницата на Собрание на Република Македонија.
Во продолжение Димовски ги обвини пратениците од СДСМ дека прават нов скандал со самото тоа што нема да го поддржат законот со кој што треба да се набави ново оружје за АРМ.
-Но, самиот факт дека СДСМ не сака да даде поддршка со тие средства кои што во моментов можеме да ги одвоиме, државата да набави нова опрема и ново оружје и да потроши помалку средства , а да добие поголема количина на оружје е скандал. СДСМ денеска ќе гласа против набавка на оружје и модернизација на АРМ, посочи Димовски.
Исто така Димовски образложи дека со измените на Законот за одбрана се овозможува ослободување на Министерството за одбрана од плаќање на ДДВ и плаќање на царини со цел да се овозможи набавка на што е можнно поголема количина на оружје.
-Целта на измените на законот е да се ослободи Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана од плаќање на данодкот на додадена вредност и плаќање на царините кои што се движат од 1 до 11% во зависност од која држава се увезува за да може армијата на Република Македонија во следните 10 години да набави ново, современо оружје и опрема. Овој план кој што претпоставувам не можеме да го знаеме, зошто ако го знаеме тука ќе го знаат и таму кај што не треба, да бидеме на чисто, тоа се класифицирани информации. Овој план е направен од повеќе од 100 луѓе вработени во Министерството за одбрана и АРМ во повеќе од 10 тематски области за кои што е потребно набавка на ново оружје, рече Илија Димовски.
На самиот крај на своето излагање Димовски ги предупреди колегите од СДСМ да не си играат со вакви сериозни работи и да дозволат АРМ да набави ново оружје и да се модернизира.
-Почитувани колеги, да не си играме играчки со вакви работи, не живејте во фиктивниот свет, потребна е поддршка токму од СДСМ за овој закон, заради тоа што во овие две три години сите наши соседи и од поблиското и од поширокото соседство набавуваат огромна количина на оружје. Република Македонија се соочува со безбедносна криза која што претставува најголем безбедносен ризик од 2001 година наваму, им се обрати Димовски на пратениците од СДСМ.
Во продолжение проследете го  Говорот на Пратеникот Илија Димовски Дозволете ми заради јавноста да појаснам за каков закон денеска дискутираме. Денеска на дневен ред го имаме Законот за одбрана кој што е системски

Пронајдете не на следниве мрежи: