СДСМ се спрема за избори со блокирање и уривање

СДСМ како и многу пати во минатото, продолжува со деструктивни изјави за Охрид. Доколку на наредните парламентарни избори победат ќе ги запреле градбите на Плаошник. Тоа би значело дека со години недовршените градби на Плаошник би останале карабини, место каде наместо туристи, свештени лица и студенти се собираат наркомани, деликвенти и ќе се таложи ѓубре и смрдеа, напиша на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, како реакција на денешната изјава на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.-На тој начин посетата на овој дел од Охрид, кој сега е многу посетен би станал непријатност, срам за Охрид и брука за државата.Тоа е планот и идната никогаш ненапишана програма на СДСМ за Охрид. Се прашувам дали идејава доаѓа од пратеникот и претседател на СДСМ во Охрид Томислав Тунте, кој во време на претходниот градоначалник Александар Петрески, беше заменик градоначалник и клучна фигура во Советот на општината. Тогашниот тим на општина Охрид, го задолжи Охрид со 50 милиони евра, сто генерации треба да ги враќаат, а Советот ги изгласа најкриминалните урбанистички планови кои го уништија развојот на Охрид, а беа од бенефит само на неколкумина од урбаната мафија. Знаци Плаошник не е добар, ама зградите на секој ќош и “хотелите” кои преку ноќ стануваа згради се добри???!!! Охрид ќе го добие Плаошник. Охрид во скоро време ќе го добие Универзитетот Свети Климент како академски центар, каде низ цела година ќе имаме развој на научен туризам, ќе предаваат домашни и странски професори, пишува Василевски.
Националната установа Завод за заштита на спомениците и М узеј Охрид, сосоопштение до јавноста ги демантира изнесените ставови на Алаѓозовски,кој денеска изјави дека постои голема загриженост за преземените градежни активности на Плаошник најави дека доколку опозициската партија дојде на власт ќе ги сопре градежните активности. Од Завод и Музеј велат дека Алаѓозовски без соодветна дозвола за снимање, согласно законот за заштита на културното наследство, шири невистини за реализација на активностите на локалитетот Плаошник, и дека согласно програмата на Владата на Република Македонија, на капиталниот Проект – Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид активностите се реализираат според однапред утврдена динамика и согласно сите законски прописи предвидени согласно Законот за заштита на културно наследство.
-Недолично е за еден интелектуалец, најсветото место на територијата на Република Македонија – археолошкиот локалитет Плаошник да го нарекува место на злосторство. Целиот простор има посебно културно, историско, духовно и религиозно значење за градот, за Република Македонија и пошироко. Фактот што тука било седиштето на Охридската книжевна школа од IX и X век, претставува атрибут заради кој охридскиот регион како исклучителна универзална вредност поседува и научно-образовна вредност. Како археолошки локалитет, пак, Плаошник е еден од многуте вредности на охридскиот регион што значајно придонесуваат кон неговата исклучителна универзална вредност – се вели во реакцијата.
Што се однесува до обвинувањата дека за уништување на дел од боровата шума заради изведувањето на систематските археолошки истражувања, истата е отстранета со дозвола од Локалната самоуправа и Советот на општина Охрид кога градоначалник беше лице од редовите на СДСМ, велат од Завод и Музеј.
-До Плаошник може да се пристапи од повеќе страни, од кои главна е североисточната комуникација, односно патната конекција со старото урбано јадро.Покрај тоа, во локалитетот се влегува и од постојната влезна порта на исток. Во поново време се направени и пристапни туристички патеки до западниот дел на локалитетот, поврзувајќи го преку боровата шума со Самуиловата тврдина, но и скалести патеки коишто овозможуваат вертикалнакомуникација помеѓу Св. Јован Канео и Плаошник. Скриен зад западниот терасест изохипсичен срт кој го омеѓува стариот град, Плаошник е лоциран на 760 м надморска висина и тој не е доминантен елемент во просторот во контекст на централното урбано јадро. Истиот е целосно визуелно приемчив, единствено ако му се пристапи од североисточната страна, или пак, ако се перцепира од водите на Охридското Езеро, односно од неговата јужна и југозападна страна. – објаснуваат од Завод и Музеј.
Од националната институција сметаат дека археолозите не се згрозуваат од уништувањетои на археолошките наоди на Плаошник туку се гордеат.
-Буквално истражен е секој квадратен милиметар од локалитетот, а проектната програма за Возобновување на Светиклиментовиот универзитет како и самите проекти се изработени согласно резултатите од археолошките истражувања на просторот. На Плаошник не е ништо забетонирано. Напротив сите остатоци од постари градби се конзервирани и презентирани во просторот од возобновените градби.– стои во дописот до медиумите.
Од Завод и Музеј додаваат дека експертите кои се ангажирани на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник кои се вклучени од самиот почеток, не се срамат од самите себеси, туку се гордеат со сработеното и дека во иднина ќе продолжат да работат со ист елан и исто темпо се до конечно завршување на проектот.-На тој начин посетата на овој дел од Охрид, кој сега е многу посетен би станал непријатност, срам за Охрид и брука за државата.Тоа е планот и идна

Пронајдете не на следниве мрежи: