СДСМ и најангажираните вандали од платеничката револуција денес преку т.н. герила акција го прославија одложувањето на изборите кои требаше да се одржат денес, нешто што за опозициона партија и активисти би требало да е трагедија, а не момент за прослава.На т.н. герила (герила акциите никогаш не се проследени со камери) шарените платеници на СДСМ и Сорос едвај успеаа да се соберат во бројка од 10 луѓе, за да се обидат очајнички преку ваков исфорсиран перформанс да исценираат победа, наместо огромен реален пораз каков што е неодржувањето на избори.
Но, и овој обид една опозициона политичка партија да прогласи победа поради спречувањето на граѓаните да го реализираат своето врвно демократско право на глас и одлучување за сопствената иднина, помина безуспешно.
И денешниот настан на „шарените платеници“ покажа уште еднаш дека никој веќе не им верува во т.н. граѓански имулс на нивните протести за кои стана јасно дека се и организирани и предводени од СДСМ. Бледиот настан на кој меѓусебно си даваа упатства како се сече лента, па си аплаудираа како во дневен престој на детска градинка, помина со повеќе камери отколку учесници во истиот.
Речиси сите од лицата кои денес славеа неодржување на избори имаат соодветни пријави за уништување на културно наследство и учество во нанесувањето на штета која според проценките надминува 250.000 евра.На т.н. герила (герила акциите никогаш не се проследени со камери) шарените платеници на СДСМ и Сорос едвај успеаа да се соберат во бројка од 10 лу



