„Се гризете“ поради авантурите за една ноќ? Еве зошто не треба

Доколку допуштите чувствата да се вмешаат во сето тоа, многу е веројатно набрзо да следува и разочарување.Авантурата за една ноќ е добра прилика за го пробате она што никогаш не сте го пробале претходно, а отсекогаш сте сакале.
Доколку добро го познавате своето тело и потреби, немојте да се воздржувате да ги остварите. Експериментирањето и тоа како е пожелно, како и нови сексуални трикови и положби.
Единствено ќе го подобрите искуството и конечно ќе можете  во потполност да се препуштите и да уживате.
Но, морате посебно да внимавате на очекувањата. Доколку допуштите да се вмешаат чувствата во сето тоа, многу е веројатно набрзо да следува и разочарување. На жените им е тешко да ги одвојат физичката и емоционалната поврзаност, поготово за време на секс кога телото испушта окситоцин (хормон на љубовта) кој може да ја појача емоционалната поврзаност. Во тој случај, важно е барем да се обидете да ја расчистите работата во главата и да се поставите поинаку бидејќи доколку другата страна не го чувствува истото, доаѓа до разочарување.
Што донесува ваквиот однос?
Доколку сте се одлучиле за однос кој се темели само на секс со одредена личност, немојте да форсирате пријателство, повици, пораки и слично. Ретки се случаите кога од авантура се развива вистинска врска  (иако ништо не е невозможно), но сето тоа земете го со доза резерва и не се надевајте премногу.Авантурата за една ноќ е добра прилика за го пробате она што никогаш не сте го пробале претходно, а отсекогаш сте сакале.
Доколку добро го

Пронајдете не на следниве мрежи: