Се интензивира изградбата на кружната раскрсница на влезот во Берово

Проектот за изградба на кружна раскрсница на влезот во Берово влегува во завршна фаза со отпочнувањето на асфалтирање на истата.По завршувањето на подготвителните активности и поставување на тротоарските површини кои се дел од проектот, се започна со асфалтирањето на овој значаен инфраструктурен проект преку кој ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на местото каде ул. „Маршал Тито“ се вкрстува со регионалниот патен правец Р523 Струмица-Берово.
Проектот предвидува асфалтирање на коловозна конструкција на ленти со широчина од 3,5 метри со вкупна површина од 2332 м2 асфалт бетон АБ11 СА со дебелина од 5 сантиметри под кој се поставува Битуменизиран носив слој БНС 22 со дебелина од 7 сантиметри врз тампонски слој од дробеник од 30 сантиметри.
Бехатонските елементи на раскрсницата се поставени на површина од 1140 м2, додека средното острово е со дијаметар од 20м, површина на која е планиран зелен простор.
Целиот простор ќе биде осветлен во согласност со нормативите за осветлување на раскрсници за што веќе е поставена подземна мрежа, а ќе се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Вкупната инвестиција за проектот е 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на Општина Берово.По завршувањето на подготвителните активности и поставување на тротоарските површини кои се дел од проектот, се започна со асфалтирањето на овој зн

Пронајдете не на следниве мрежи: