Се мислите што да направите денес за ручек? Еве ви одлична идеја…Потребни состојки:
10 црни маслинки
3 китки магдонос
2 китки млад кромид
4 листови босилек
50 гр кашкавал
100 гр шунка
100 гр урда
100 гр сирење
2 јајца
4 големи домати
Начин на подготовка:
Ги миеме доматите и им ги сечеме врвовите како капаче. Ја вадиме внатрешноста со лажица.
Ги вртиме доматите за да се исцедат од сокот околу 15 минути.
Ја приготвуваме смесата за полнеж: кон биените јајца ги додаваме сирењето, урдата, исецканата шунка, младиот кромид, магдоносот и босилекот. Ги додаваме и маслинките исецкани на кругчиња без коски.
Ги ставаме доматите во тава и ги полниме со смесата. Од горе ги поросуваме со рендан кашкавал.
Во тавата додаваме околу 100 мл вода и печеме во претходно загреана рерна на 200 степени.
Ги сервираме топли поросени со свеж магдонос.Потребни состојки:
10 црни маслинки
3 китки магдонос
2 китки млад кромид
4 листови босилек