Синоќа еден Црногорец се обиде да се обеси на бандера пред седиштето на Владата на Црна Гора во Подгорица, но во таа намера бил спречен од случаен минивач и од полицаец од владиното обезбедување.
Дејан Гашиќ се решил на ваквиот чекор во знак на очај, бидејќи повеќе од еден месец заедно со сопругата и осумте деца живее пред зградите на Владата и на Собранието на Црна Гора, откако при пожар остана без својот дом.
Досегашните барања на Гашиќ за помош од надлежните служби за решавање на неговото станбено прашање и за прехранување на семејството не вродиле со плод.
По неуспешниот обид за самубиство Гашиќ во свесна состојба е пренесен во Клиничкиот центар во Подгорица.Синоќа еден Црногорец се обиде да се обеси на бандера пред седиштето на Владата на Црна Гора во Подгорица, но во таа н