Доаѓаат лоши времиња за малцинството, за најбогатите слоеви и за банкарите. Тој изненадувачки заклучок се наметнува од најновата септемвриска студија на Дојче банка, во која се тврди дека „светот е на пресвртница“, пишува „Нови лист“.Изминативе 35 години беа рај за банкарите и финансиски моќните луѓе, но со тој период е готово. Политичарите се подготвуваат за пресврт, па пред нас е период на репресија над капиталот и финансискиот состав, кој може да потрае „три следни децении, а можеби и повеќе“ – ова се зборовите на Џим Рид, стратег на Дојче банка.
Тој банкар не е среќен поради претстојниот пресврт, но упатува на тоа дека политичарите немаат друг излез. Светската економија по кризата од 2008 заглавила и веќе не може да ги постигне високите стапки на економски раст – делумно поради стареење на населението и намалување на работно способна популација.
Политичкиот пресврт се подготвува поради негативните последици од глобализацијата, поради осиромашувањето на обичните луѓе на Западот, како и продлабочувањето на имотната нееднаквост. Тоа доведе до бројни бунтови на населението на избори, до зајакнување на екстремизмот и популистичките партии. Политичарите мораат да го гасат огнот што тлее.
Според Рид, многу работи ќе се свртат наопаку. За обичните луѓе најповолна вест е дека платите постојано ќе растат, и тоа во реални износи. Владите ќе се борат за повисок номинален раст на бруто домашниот производ. Благо ќе зајакне инфлацијата, но цените на недвижнините ќе растат побавно од зголемувањето на платите и потрошувачките цени.
Профитот на корпоративниот секотор ќе биде понизок, а даноците на компаниите и богатите луѓе ќе се зголемуваат. Рид предвидува се поголема контрола на државата над капиталот, односно ограничување на неговите слободи за движење преку државните граници. Предвидува пад на меѓународната трговија, зајакнување на заштитата на домашните економии, како и ограничување на миграцијата на населението.
Со други зборови, Дојче Банка предвидува дека државите и нивните влади ќе посегнат по мерки кои се веќе видени во модерната историја меѓу 1945 и 1980 година. Тие 35 години по Втората светска војна некои економисти ги нарекуваат „златен период на капитализмот“ и човештвото.
Тогаш економијата растела со најбрзо темпо – и тоа во корист на сите, а не само на малцинства. Социјалните разлики се намалувале. Материјално напредувале сите слоеви.Изминативе 35 години беа рај за банкарите и финансиски моќните луѓе, но со тој период е готово. Политичарите се подготвуваат за пресврт, па пред на