Пациентите и вработените во Психијатриската болница во Демир Хисар, вчера го прославија Третиот ден од Велигден.На традиционалното велигденско матине што традиционално се одржува под мотото „Црвено јајце, за љубов и надеж“, присуствуваа градоначалникот Љупчо Блажевски, како и претставници на Црковниот одбор на храмот Свети Никола во Демир Хисар кои за сите присутни пациенти донираа по едно црвено јајце, известуваат од општината.
– Оваа манифестација, не само што стана традиционална, ами и се потврди како посебна по многу нешта, а најсилно по своите изворни и универзални пораки преку коишто се препознава нашата припадност кон Бога пред кого сите сме исти, како и нашата постојаност во стремежот за стекнување нови навики за вистинско меѓусебно почитување – рече во своето пригодно обраќање градоначалникот Блажевски кој, заедно со стручната директорка на Болницата д-р Павлина Илиевска Котевска и свештеникот Тони Смутковски, учествуваше во донирањето на велигденските подароци, а потоа се вклучи во општата велигденска веселба.
– Целта на оваа традиционална манифестација е да се помогне во ресоцијализацијата на нашите пациенти и нивната реинтеграција во општеството. Мислиме дека сме на добар пат да ја постигнеме оваа цел бидејќи за тоа ја имаме и поддршката од општината – рече покрај другото во своето пригодно обраќање др. Илиевска Котевска.На традиционалното велигденско матине што традиционално се одржува под мотото „Црвено јајце, за љубов и надеж“, присуствуваа градоначал