Дајнамо во преполната О2 Арена во Лондон сакал да изведе еден од своите вообичаени трикови, но точката се претворила во тотално фијаско.Најпознатиот светски маѓионичар Дајнамо турнејата ја започнал во распродадената О2 Арена во Лондон и доживеал нејголем блам во кариерата кога трикот кој го планирал, тргнал наопаку.
Се одело според планот- Дајнамо го извел Том, момче од публиката, го земал неговиот мобилен телефон и со помош на магија го ставил во шише. Додека зачуденото момче го вртело шишето, Дајнамо ја замолил пријателката на Том да го заврти бројот на својот пријател и така да докажат дека телефонот е навистина на Том.
И тука започнала пропаста пред 15.000 луѓе- девојката го свртела бројот еднаш, втор пат, трет пат но ништо, Дајнамо почнал да руменее, но џабе телефонот во шишето не ѕвони.
Сега веќе видно изнервиран, славниот маѓионичар постојано потпрашувал: „Ѕвони ли? Можеби во последен момент му се испразнила батеријата“.
На крај, додека во халата владеел потполн молк, Дајнамо од бината порачал:
„Па, верувајте ми, ова навистина е телефонот на Том…“.
Испаднало дека на крај виновен бил сосема обичен проблем- веќе со години во арената мобилните мрежи имаат слаб или никаков сигнал, посебно кога халата е распродадена…
Најпознатиот светски маѓионичар Дајнамо турнејата ја започнал во распродадената О2 Арена во Лондон и доживеал нејголем блам во кариерата кога трико



