Се расплака во судница… Кога сфати дека судијката му е пријателка од училиште!

Камери во судницата уловија емотивен момент кога судијка од Флорида сфатила дека осомниченот за грабеж, кој се појавил пред неа во судот – е поранешен пријател од училиште.
 Артур Бут (49) бил на сослушување, кога судијката Минди Глејзер го прашала дали тој одел на училиште. „О, боже, о Боже!“, рекол Бут кога сфатил што се случува и дека таа е неговата пријателка од училиште.
Тогаш тој почнал да плаче додека Глејзер се сеќавала на детството: „.. Тој беше еден од најдобрите деца во нашето основно училиште, беше најдобро дете во училиштето. Заедно игравме фудбал, а погледнете што се случи“, рекла таа. Бут неможел да престане да плаче.
Роднина на обвинетиот изјавила дека верува дека тој плачел без престан, бидејќи му било срам: „… Веројатно се сети колку е паметен, и колку сакаше да учи, студираше јазици, се занимаваше со спорт“, изјавила таа, додавајќи дека неговата светла иднина ја уништила дрогата. „Тоа го скрши моето срце. Ние се обидуваме да му помогнеме, бидејќи од тоа очигледно има потреба“, рекла таа.

 
Глејзер Бут одредила кауција и рекла дека се надева дека тој ќе се врати на вистинскиот пат, „Со среќа, господине. Се надевам дека ќе бидете во можност да излете од невољата и да продолжите да го живеете живот во согласност со законот.”
Артур Бут (49) бил на сослушување, кога судијката Минди Глејзер го прашала дали тој одел на училиште. „О, боже, о Боже!“, рекол Бут ког

Пронајдете не на следниве мрежи: