Се реновираат основните училишта и спортски терени во Кочани

Пред почетокот на новата учебна година во неколку основни училишта во Кочани во завршна фаза се активностите за создавање услови за квалитетно изведување на наставата.Во Основното училиште „Никола Карев“ целосно е завршено белењето на училниците и кабинетите, а во основното училиште „Малина Поп Иванова“ во тек е реновирањето на неколкуте спортски терени во дворот, со поставување урбана опрема, стативи, кошови и нивно обележување.
Со грант од Владата на Јапонија во висина од 70.479 евра општина Кочани ги привршува активностите за целосно реновирање на зградата на Подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог. Со реконструкцијата на училиштето заменет е покривот, добиена е нова фасада, а заменети се вратите и прозорците, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.
-Овој проект ќе обезбеди модерна, енергетски ефикасна зграда со поквалитетни услови за работа и учење, изјави директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Весна Зашова.
Училиштето во Горни Подлог работи во состав на ОУ „Св Кирил и Методиј“ од Кочани и е објект изграден пред 50 години, во кој посетуваат настава 130 ученици од прво до деветто одделение од селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.Во Основното училиште „Никола Карев“ целосно е завршено белењето на училниците и кабинетите, а во основното училиште „Малина Поп

Пронајдете не на следниве мрежи: