Се садат дрвца во Општина Кисела Вода по повод Денот на дрвото

Општина Кисела Вода традиционално и оваа година се приклучи на акцијата за садење на садници – Ден на дрвото – засади ја својата иднина.Градоначалникот на општината, повеќе советници, вработените во администрацијата, граѓани, учествуваа во пошумувањето кое денес се одвиваше во сите месни и урбани заедници, во парковите, во зелените површини… Во разубавувањето и разеленувањето на општина Кисела Вода, учествуваа и учениците од основните училишта на оваа територија, како и дечињата од градинките кои насадија дрвца во училишните дворови и градинките. Се садат различни видови на дрвца, како јасен, чемпрес, неколку  врсти на туја… Со годинешната акција која се одвива по 17ти пат, во координација со Владата на Република Македонија, Градот Скопје и граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, во општина Кисела Вода ќе бидат засадени околу 30000 нови садници.Градоначалникот на општината, повеќе советници, вработените во администрацијата, граѓани, учествуваа во пошумувањето кое денес се одвиваше во сите

Пронајдете не на следниве мрежи: